Кога Европа за прв пат го виде Кристијано Роналдо

Сезоната 2002/2003 беше сезона на италијанските екипи кои играа финале во ЛШ на Олд Трафорд. Милан беше подобар од Јуве на пенали. Паралелно во ЛЕ се прочу името на Мурињо кој со Порто стана шампион. Тоа беше сезоната кога дриблинзите на тинејџерот Роналдо за прв се видоа на меѓународна сцена. И ете до каде стигна.

Импресиониран од неговите вештини, тренерот на Спортинг, Ласло Болони го викна во прв тим 16 годишниот Кристијано Роналдо. Тој стана првиот играч кој во само една година заигра во клубот У16, У17, У18, Б тимот и првиот тим.

Дебитираше во португалското првенство на 7 октомври 2002-ра со два гола против Мореиренсе, но претходниот месец или поточно на вчерашниот 19 септември го запиша првиот настап во Европа, во тогашниот КУП на УЕФА на само 17 години.

Европската одисеја му почна против Партизан кој откако беше елиминиран во квалификациите за Лига на шампиони од Баерн, се прешалта во Купот на УЕФА и за противник во прво коло го доби Спортинг Лисабон.

По само два настапи за Б тимот на Спортинг, Роналдо како тинејџер доби голема одговорност. Да се докаже во првата екипа и тоа на европска сцена во прво коло каде нема право на грешка бидејќи се игра на елиминации.

Спортинг и Роналдо минаа лошо пред своја публика и загубија 1:3. Стрелци беа Делибашиќ и Ивица Илиев, а помош добија и од Хуго кој си постигна автогол. За домаќините гол даде Тонито. Роналдо се појави со број на дрес 28 и желба за дриблање кое потоа му го скротија во Јунајтед каде постарите го научија дека фудбалот не е само дриблањето.

Две недели подоцна на 3 октомври се случи реприза и нова гостинска победа од 1:3. Роналдо играше по лево, Кварезма по десно, а нападот го предводеше Тонито кој на асистенција на Роналдо го отвори резултатот.

Предноста ја дуплираше Кутузов, потоа намали Делибашиќ, а на 8 минути до крај за идентичниот резултат од Лисабон се избори Контрерас. Во продолженијата Партизан се радуваше, а Спортинг беше елиминиран откако во 110-та и 117-та погодија Живковиќ и Чакар.

Партизан во второ коло се сретна со Славија од Прага и загуби со идентични 6:4 на продолженија, а Кристијано Роналдо по дебито во второто по ранг клупско европско натпреварување, не се врати повеќе.

Историјата потоа ви е позната. Дестинација Манчестер Јунајтед и титула во Лига на шампиони, па Реал Мадрид, две титули во ЛШ. Во моментов е најдобар стрелец во елитното натпреварување со 94 гола, осум повеќе од Меси.

Хајлатс само од Роналдо од дебито

20 септември 2016 - 12:57