Што треба да направи Мурињо за да го спаси бродот

Жозе Мурињо не доживеал три порази по ред цели 10 години, а сега ги претрпе во осум дена со што се истури студена вода врз неговиот ентузијазам со кој влезе во сезоната.

БРЗИ ОДЛУКИ ЗА ТИМОТ

Во моментов Мурињо е збунет тренер во однос на најдобрите 11, во спротивно Манчестер Јунајтед немаше да загуби три меча по ред, нешто што не му се случило на Мурињо од времето во Порто.

Неодлучноста на Португалецот првпат го доведе во ситуација тешко да ја контролира состојбата. За поразот од Сити Мурињо сноси вина што го играше Хенрик Михтарјан и покрај тоа што тој се врати повреден од репрезентативниот собир со Ерменија. Или Џеси Лингард кој не играл уште од Комјунити Шилд на стартот на сезоната поради повреда.

Ова значеше и дека Маркус Решфорд кој постигна победнички гол во судиското продолжение против Хал и хет-трик за Англија У-21 на дуелот против Сити мораше да седи на клупа.

ДА ГРАДИ ТИМ ОКОЛУ ПОГБА

Да потрошиш 89,3 милиони фунти (околу 100 милиони евра) на полушпиц и да не го правиш тимот околу него е несфатливо. Францускиот репрезентативец оперираше во средината во пар со друг соиграч против Саутемптон, Хал и Сити и сам како 10-ка во минатонеделниот пораз од Феенорд а потоа играше во тројка во средината против Ватфорд.

Очигледен е товарот кој го носи Погба на која позиција и да игра. Ако тој не може да се носи со притисокот од 100 милиони евра, се поставува прашањето зошто го вратија на Олд Трафорд.

23-годишниот Погба одигра шест меча по враќањето во Јунајтед и се уште е рано да се носат заклучоци. Во Јувентус Погба го имаше Андреа Пирло зад себе и така доби поголема слобода: можеби Мајкл Карик би требало да добие шанса да се види како ќе функционира со Погба.

ДА ПРЕКИНЕ ЈАВНО ДА ПОКАЖУВА СО ПРСТ

Два пати досега Жозе Мурињо јавно критикуваше поединци поради нивните индивидуални грешки. После поразот од Сити, Португалецот кажа: „Некои од момците не ја сфатија димензијата, дербито, големината на мечот, Манчестер Јунајтед Манчестер Сити, фокусот, вниманието“. Тогаш продолжи да збоурва за Дејли Блинд и Ерик Баји.

После поразот од Ватфорд, Мурињо повеќе минути зборуваше за кривицата на Лук Шо кого го посочи за главен виновник за поразот поради примениот втор гол на негова грешка.

Со тоа што некогаш не именува играчи за кои вели дека им фали ментална сила да го издржат притисокот, Мурињо може да ја загрози атмосферата во соблекувалната. Секој сигурно би помислил дека Мурињо зборува за него.

ДА ГИ СЕДНЕ НА КЛУПА РУНИ, ИБРАХИМОВИЌ ИЛИ ФЕЛАИНИ

Дебатата за местото на Руни веќе стана досадна, па дури и кога Јунајтед победува. Сега „Црвените ѓаволи“ губат така што буката е погласна. Ако Руни заслужува да биде седнат на клупа, истото важи и за Ибрахимовиќ и Маруан Фелаини и за било кој друг.

Четирите гола на Ибра на пет меча не смее да се игнорираат, но не смее да се заборави отсуството на мобилност кај него кога мечот оди во лоша насока. Рашфорд и Марсиал поседуваат брзина со која може да донесат нова димензија во играта. Ако го исфрли лимитираниот Фелаини и на негово место го стави Карик, Мурињо би можел да добие на сигурност во средината.