Фудбал

Црвениот картон на Солскјер кој не го прифати Фергусон

„Во Јунајтед никогаш не победуваме на таков начин, ние победуваме со фер плеј“, изјави легендарниот стратег на Манчестер Јунајтед пред точно 18 години по овој очаен начин на напаѓачот на Манчестер да спречи гол на Њукасл.

Да бев претседател ќе го избркав тренерот, а играчите на клоци

Нерешените 2:2 против Аталанта по првиот дел против Рома, го разбеснија Спалети кој повторно влезе во кавга со Тоти. Серија А памети многу дрски и нервозни реакции на тренерите кои партал ги прават со критиките своите играчи.

Брзопотезниот Луис Енрике на прес

По синоќешниот пораз од Валенсија кој удри печат на кризата на Барса, Луис Енрике беше прашан од новинарот Виктор Мало дали физичката спремност се одразува на лошите резултати. Енрике одговори: „Како ти беше презимето"? -Мало (на шпански значи лошо). „Така е. Следно прашање".

Во Лацио се пее и српско

Новиот тренер на Лацио Симоне Инѕаги ги врати насмевките кај фудбалерите со две победи на два меча. Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ не играше на вчерашниот меч против Емполи, но му ја одржа првата лекција по пеење на Нигериецот Онази кој беше стрелец на вториот гол.

Целиот мој живот на тебе посветен

Дедо Агустин де ла Фуенте Квинтана бил првиот социос (член) со членска карта на Атлетико Мадрид. Ја поседувал цели 73 години. Во 2005. година се појави во рекламата за Колчонерос, а почина истата година на 92 години во Мадрид.

Што се случува со Барселона?

На 3. февруари Барселона ја прегази Валенсија со 7:0 во полуфиналето на Кралскиот Куп. На 17. април, Лилјаците славеа 1:2 и така им го нанесоа третиот пораз по ред на Каталонците, нешто што не се случило од февруари 2003. година.

Сите 500 голови на Меси

И покрај дебаклот од Валенсија (коефициент зa 2-2 3+ во една кладилница беше 35) и третиот пораз во низа во Ла Лига, јубилејов не е за занемарување. Никлас Бентнер на пример да има 5 фудбалски кариери нема да му успее ова.

Трпение спасение на Глазгов Ренџерс

Во јули 2012. година славниот Глазгов Ренџерс поради банкрот испадна во 4-та лига. На 6. април 2016-та година Ренџерс обезбеди место во шкотската Премиер лига, а вчера во полуфиналето на шкотскиот ФА Куп на пенали го совлада смртниот ривал Селтик. Голот на МекКеј во продолжение беше посебно убав.

Напаѓач одбрани пенал во Англија

Голманот на МК Донс Коди Кропер доби црвен картон во 81' минута од мечот против Престон во Чемпионшип. Гостинскиот тренер веќе направи три измени, поради што немаше право да стави голман и пеналот го бранеше центарфорот Аксел Ревел кој влезе во 67' минута. Средбата заврши 1:1.

12 причини зошто го почитуваме Диего Симеоне

Диего Симеоне го утврди Атлетико Мадрид како една од непокорливите сили на светскиот фудбал и тоа го направи со својот единствен, жесток манир.

Формата на полуфиналистите во ЛШ и нивните претходни дуели

Кралевите во својата историја одиграле вкупно 26 полуфиналиња и имаат скор од 13 победи и 13 порази, а за Манчестер Сити ова ќе биде прво. Историјата зад овие две полуфинални двојки е куса.

Сте виделе ли ваков пенал до сега?

Ќе ви одговориме ние. Не се виделе и нема ниту да видите. Играчов што шутираше има среќа за пенали колку што имаше Роберто Баџо на Светско во 94-та.

Отидоа на стадион пред 27 години и не се вратија

15 април 1989 година е најцрниот ден за британскиот фудбал. Оваа трагедијата која зема 96 животи (сите навивачи на Ливерпул) на полуфиналниот натпревар од ФА Купот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест на стадионот Хилсборо во Шефилд, секоја година се одбележува во чест на жртвите.

Лудиот фудбалер кој влезе во Гинис

Најдобриот стрелец во историјата на аргентинскиот фудбал е запишан во Гинис како првиот фудбалер што промашил дури три пенали на еден натпревар. Легенда е на Бока Јуниорс, а во Виљареал автограм на топката му барал малиот Фернандо Алонсо.

Бранителот против Шахтјор, Ливерпул - Виљареал

По извлекувањето на ждрепката во Лига на шампиони, извлечени се полуфиналните двојки и во второто по ранг клупско европско натпреварување.

Баерн го доби Атлетико, Манчестер Сити оди на Реал

На денешната ждрепка во Нион полуфиналните двојки за Лига на Шампиони ги извлече Дејан Станковиќ. Избегнато е шпанско дерби.

Влечете ждрепка за Лига Европа

Ждрепката за полуфиналните двојки во Лига на Шампиони и Лига Европа стартува во 11:30. УЕФА ја подгрева атмосферата со едно гифче врз кое со еден клик можете бирате противник за второто по ранг натпреварување.

Нека се вика Дејан, по Ловрен

Навивачите на Енфилд вчера гледаа нова драма во режија на Ливерпул кој од невозможното (1-3), направи возможно (4-3). Тоа било причина еден навивач да го крсти новородениот син Дејан по херојот на Црвените.

Запознај го Роналдог

Со оглед на фудбалските квалитети кои ги поседува, кучево од газдите добило прекар Роналдог демек по Роналдо, а тоа што го прави со топка не е вообичано за кучиња.

Фудбалерите на Севиља подобри пеналџии

Бранителот на титулата кој две години по ред ја освојува Лигата на Европа не се дава ниту оваа сезона. По идентичните гостински победи од 1:2, Севиља го елиминираше Атлетик Билбао на пенали со 5:4 и им се придружи на Ливерпул, Виљареал и Шахтјор Доњецк во полуфиналето. 

Лудница на Енфилд Роуд, Ливерпул оди во полуфинале

Дејан Ловрен е јунак во инфаркт завршницата против Борусија Дортмунд кој погоди во 91 минута за конечни 4:3 за Ливерпул. Борусија е шокирана бидејќи испушти водство од 0:2 и 1:3. Полуфиналисти се и Шахтјор и Виљареал кои ја анулираа предноста од првите дуели, а Севиља и Атлетик Билбао ќе играат во продолженија.

13 фотографии кои ќе бидат епски

Плачот на чичкото со брковите кој го гушна пехарот, неславното пензионирање на Зидан, канибалот од Уругвај, Ферги, Меси, Клосе...Неколку фудбалски моменти кои кога ќе старат ќе бидат историски.

Како стојат со пари најбогатите фудбалери

Супер е човек да се наоѓа во листата на топ 10 најплатени фудбалери. Таа никогаш не стагнира, а ниту некогаш одела назад. Најплатените 10 фудбалери во светот се сè повеќе платени и не живеат само од плата во своите клубови.

Атлетико истрчал 12 километри повеќе од Барса

Борбениот и издржлив дух на Атлетико Мадрид се отсликува и преку податокот дека синоќа Јорганџиите истрчале 114,6 километри вкупно а играчите на Барселона 102,6. Меси најмалку истрчал.