Фудбал

Вака почна сè

Со силен ветер и дожд од голови почна натпреварувањето кое со нетрпение чекаме да почне овој месец. До 1992 година познато како Куп на Европски шампиони, а потоа Лига на шампиони. Актери беа Спортинг Лисабон и Партизан.

Претседателката на Хапоел што оди на гостувања со навивачите

Алона Баркат, газдарицата на израелскиот клуб Хапоел Бер Шева, им ја донесе титулата на навивачите која што ја чекале од 1975/1976 и ја прекина доминацијата на Макаби Тел Авив.

Понекогаш е подобро дрво место голман да ставиш

Тунис со 4-1 ја совлада Либерија, а вториот гол на домаќините беше после катастрофалната грешка на гостинскиот голман Џејмс Галеј. Не за џабе викаат добар голман е пола екипа. Исто важи и за дрво од голман.

Пакито Алкасер - идолот на Местаља кој замина на Камп Ноу

Многу добри играчи на Валенсија го напуштале клубот и заминувале во лутите ривали, но ниту еден никогаш не ги растажи навивачите како Пако Алкасер, фудбалерот чијшто татко почина на трибините на родниот клуб на синот.

Најубавиот гол во кариерата на Шевченко

Пред 15 години на големото дерби Милан - Јувентус, Шевченко му даде гол на Џиџи Буфон кој уште долго ќе се памети.

Од спасител во аквапарк до англиската репрезентација

По ашкањето на позајмици во разни клубови, Антонио дојде во Вест Хем каде за неговата позиција конкурираа шест фудбалери. Во еден момент сите шестмина биле казнети и повредени, и тој доби шанса од Славен Билиќ, ја искористи и доби повик од Биг Сем во Англија.

Нервозни Полјаци во Казахстан

По 35’ минути игра, репрезентацијата на Полска синоќа водеше 0:2 против Казахстан, но Кижниченко со два гола од 51’ до 58’ минута израмни на 2:2 за изненадување на вечерта. Полјаците не можеа да се помират со тоа, па лактаа и удираа.

Средба на Ди Канио и Винтербурн по 18 години

На дуелот меѓу Хилсброу и Арсенал во 1998-ма Најџел Винтербурн и Паоло Ди Канио го направија еден од најпознатите инциденти во Премиер лигата. Еве ги повторно на дуелот меѓу легендите на Арсенал и Милан, ама со симулација на истата сцена.

Најдраматичните моменти на гол линија

Карамбол или хичкок ситуации пред головите во МЛС лигта во кои тие што се обидуваат да дадат гол излегуваат лузери.

Телефонскиот повик по кој повеќе ништо не беше исто со Адриано

Играа заедно за Интер шест сезони 2001/2002 и потоа од 2004-та до 2009-та. Се радуваа на 4 Скудета, но и ден денес Занети се кае што не успеал да му помогне кога се соочил со најголемата криза во кариерата.

Кој ли ќе ги спречи?

Тоа што решија да се поздрават со најпосакуваниот плејмејкер во светот не менува многу кај Јувентус, коj со овие 22-ца сигурно делува најсилен во Серија А и е спремен да оди на ново шесто Скудето по ред, што би било рекорд.

Карлес Пујол, најголемиот борец за Барса на сите времиња

Уште како ученик во школото играл со скршена рака и стопало, никогаш не се предавал и играл до крај. Техниката која што ја поседувал во младинците била на ниво на соиграчите Чави и Фелипе Ортис. Тренерите во Барса Б се скарале поради него. Едни биле да си оди, други да остане.

Пет трансфери од летово, полни со анегдоти

Монако одби 38 милиони евра за тинејџер, Куман сакаше да му честита на играч кој го откачи неговиот клуб, а Бентеке не знае кај тера. Оваа сезона се случи кам бек на играч со можеби најдолгата пауза поради повреда.

Новиот змеј од Бразил

Габриел Џезус е новото чудо од бразилскиот фудбал. Роден е на 3. април 1997 година, игра за Палмеираш, но од јануари следната година ќе стане член на Манчестер Сити. Беше главен во освојувањето на Олимписките Игри со Бразил, а синоќа на дебито за сениорскиот состав даде два гола против Еквадор на гостински терен, во квалификациите за СП 2018 во Русија.

Најголемата будалетинка во Серија А

Ако не сте гледале видеа со претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, а ве интересира како се глупира, да гледате, ги има по нетов. Во најновата епизода со него новинарка го чека за изјава, а тој:

Кај Челси е младината, ама распрскана

Сините имаат политика да ги купуваат најдобрите младинци во светот, ама никако да им дадат шанса да се пробијат во прв тим. За сезоната 2016/2017 имаат на располагање 38 млади играчи на возраст меѓу 17 и 24 години (со исклучок на Квадрадо). На позајмица се во 8 земји.

Сите треба да му станеме

Кога некој ќе ве праша кој е најпознат играч од Република Ирска, одговорот и во 3 по полноќ треба да ви е Роби Кин. Човекот кој е синоним за ирскиот фудбал, синоќа за последен пат го облече репрезентативниот дрес. Стаж, настапи и голови? 1998-2016, 146, 68 - рекордер. Беше дел од СП 2002 и ЕП 2012 и 2016. Последните аплаузи од милениците ги доби на пријателска средба против Оман (4:0), а последниот гол му беше мајсторија. Со среќа понатаму царе, во репрезентативна пензија отиде на 36 како пример за помладите.

Што прави Шмајхел три дена по операција

Голманот на Лестер минатиот викенд против Свонси побара замена бидејќи имал проблем со кила. Во понеделникот беше на операција, а денеска се однесува како да поминал само со гребаница.

Како го продале Кристијано Роналдо за опрема и 20 топки

Малку е познато дека мајката на Кристијано сакала да абортира со него, но лекарот одбил да го стори тоа и на 5. февруари ’85-та се родил Кристијано Роналдо кој уште на 16 години заработувал и го издржувал семејството.

Мојот бурен 31 август на Олимпико во Рим

Да ми кажеше некој дека Лацио во ист ден, во тоа златно време ќе ги продаде двете најголеми ѕвезди, немаше да му верувам. Но летниот период за трансфери заврши, а навивачите палеа трафики и коли и беа до толку избезумени што почнаа да се тепаат меѓу себе.

Го исклучија поради необична прослава на гол

Меди Дрешевиќ е одбранбен фудбалер во шведскиот Норби ИФ. Неговиот тим во понеделникот со 6-1 го победи Твакер а хет-трик постигна токму Дрешевиќ. Третиот гол го прослави смешно и доби црвен картон.

Даниел Освалдо ја завршува кариерата за да основа бенд

И додека беше во големите европски клубови како Интер, Јувентус, Фиорентина и Рома, Итало-Аргентинецот Даниел Освалдо не покажуваше посебен интерес да потрча по топката. Последно со него е што го одбил Киево за да свири на гитара во група.

Јуве, Интер и Наполи го отворија чекмеџето

Серија А има далеку помалку моќ од една Премиер лига за трошење пари, но летово тргна по офанзива и се изнатроши пари, барем што се однесува на дел од водечките клубови. Милан си тера по старо и изгледа дека чековите ги чува во Кина за догодина.