Фудбалерите од Островот не секогаш играа важна улога во Серија А, така што голманот на Англија Џо Харт ќе има голема задача во земјата каде навивачите знаат да бидат многу разгалени. Конечно некој да го сака Џо Харт. Откако Пеп реши дека за него нема место во тимот, голманот на англиската репрезентација го пречекаа стотици навивачи во Торино во вторникот.
На таа ’99-та година се сеќаваме по двомечот на прилепска Победа против Перуџа во Интертото Купот, а ретко кој памети дека во истото натпреварување Цементарница 55 несреќно испадна од рускиот Ростелмаш предводен од Сергеј Андреев, поранешниот тренер на Вардар.
Масимилијано Алегри ќе оди на картата искуство во Лигата на шампионите ако се гледа по возраста на неговите избраници. Тој го има тимот со највозрасни играчи од топ 5 лигите кои ќе настапат во елитата оваа сезона.
Најголемо изненадување во овој летен период за трансфери без конкуренција е зделката меѓу Манчестер Сити и Торино. На Гвардиола не му треба голманот на англиската репрезентација, а на Михајловиќ ептен ќе му се најде. Се работи за позајмица на една година. Торино ќе му плаќа 55.000 фунти неделно, а остатокот до 130.000 колку што му е плата, се обврска на Сити. Навивачите очекувано се во делириум.
Со 106 победи Емери е најуспешниот тренер во историјата на овој клуб и со 205 меча на клупата на Севиља се наоѓа зад рекордерот Капарош. Таков товар наследи необичниот Хорхе Сампаоли кој игра тотално офанзивен фудбал.
Фудбалската Асоцијација на Англија сака да ги елиминира влечењата во шеснаесетник и држењата на противниците, па реши да воведе пенали кога судијата ќе забележи таков контакт кога топката не е во игра кај нив. Некои играчи од одбрана ако тераат по старо, џабе ќе протестираат кај судијата.
Го споредуваат со Бејл, го сакаа Барселона, Баерн и Манчестер, а тој со 13 настапи како стартер во втората англиска лига стана најскап шкотски фудбалер и направи трансфер во дебитантот на Бундеслигата. Селекцијата У21 ја прескокна.
Во автобиографијата насловена „Јас, Златан Ибрахимовиќ“, Ибра открива за бројните тепачки со колегите низ годините. Пишува за скршеното ребро во тепачката со Огучи Онјеву во Милан, за тоа како одел кај курвите во Малме да прави циркус со муштериите.
Еден од главните моменти за кои се дискутираше по мечот меѓу Манчестер Сити и Вест Хем овој викенд беше неспортскиот потег на Серхио Агуеро поради кој може да биде суспендиран и да го рипне градското дерби кое се игра на 10 септември. Навивачите на Манчестер Сити извадија снимка со која тврдат дека Агуеро не го удира Винсинт Рид и второ сметаат дека нема потреба од прегледување забавени снимки, бидејќи судијата го виде дуелот на лице место.
Во младинско првенство во САД падна гол со примеси на гимнастика кој веројатно нема да се повтори и за кој не беше свесен што направи ниту стрелецот. Изледа и судиите се збунија па од нигде никаде се решија офсајд да досудат.
Сме гледале циркуси од Игита, од Кањизарес, од лудиот Молина, од најдобриот голман голгетер Рожерио Сени, од маскирниот Рушту Реџбер. Но ретко кој од нив беше циркусант како резервниот голман на Барселона Хозе Мануел Пинто.
Арсенал во последните години важи за најшарениот клуб кога во прашање се националноста и религијата на играчите. Пред неколку дена меѓу „Топџиите“ стигна и фудбалерот кој сака да купи куќа во село Маврово и секоја година доаѓа во Гостивар.
На 5. септември во Скадар, македонската фудбалска репрезентација ќе го отвори новиот квалификациски циклус, за пласман на Мундијалот во Русија. Селекторот Ангеловски не може да смета на Трајковски и Агим Ибраими. Пандев ќе игра.
На турнирот за играчи до 12 години во Јапонија (World Challenge Cup Tokyo), на кои настапија неколку светски екипи, во финалето се сретнаа Барселона и Омја Ардиџа. Децата на Барса победија, но на крај не славеа непприкладно туку покажаа што значи добро воспитување.
Фудбалскиот сојуз на Турција и трофејниот Галатасарај, под притисок на власта на Реџеп Тајип Ердоган биле принудени да го избришат најдобриот играч во историјата на оваа земја од сите официјални документи.
Конгоанецот Јаник Боласи е непредвидлив финтаџија. Нема смислено дриблинзи, туку прави што ќе му текне во моментот и затоа дефанзивците имаат мака со него. Боласи раскажува за роднинските односи меѓу Африканците каде секогаш некој не зборува со некого.
Мартин Мантовани е еден од многуте Јужноамериканци кои имале тешка судбина до конечниот триумф. Поминал низ сè и сешто за да заработи од фудбалот и тоа му се исплатеше. Синоќа ремизираше против клубот поради кој спиел со скитници на улица.
Од вкупно 24 екипи кои учествуваа во квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа, само еден клуб успеа да влезе во фазата по групи. Време ли е за Јадранска лига?
Најдобриот ирски напаѓач на сите времиња реши во среда против Оман да стави крај на 18-годишната репрезентативна кариера. Зелениот дрес го носеше секаде, а во Скопје го даде 50-от гол за Ирска.