Суперѕвездата на Португалија дојде на Европското првенство по освојувањето на 11-та европска титула на Реал Мадрид, каде го постигна решавачкиот пенал во финалето, но во Франција постојано е нервозен, влегува во конфликти и не може да го погоди голот. El Pais го прават партал со критики.
Роден во Далмација, растен на фармата на татко му каде на телевизија го гледал неговиот идол Аљоша Асановиќ, малиот Иван мечтаел да стане како него. Речиси две децении подоцна израсна во идол на новите генерации во Хрватска.
Бразилскиот репрезентативец Фернандо ќе заработува 3,5 милиони евра годишно и ќе остане должен во Италија 1.500 евра затоа што не му платил на фотографот. Дел од неговиот одговор за обвинувањата: А порцијата на мајка му кој ќе ја плати?
Португалија после две одиграни средби има мизерни два бода во конкуренција со Австрија, Исланд и Унгарија, селекција против која вечерва ќе мора да победат за да одат понатаму. Фрустрацијата од таквиот развој очигледно му смета и на Роналдо кој го искали бесот на еден новинар од португалскиот канал CMTV.
Кога го гледате од повеќе агли овој слободен удар на Меси сфаќате дека било голман да беше меѓу стативите не може да му најде лек на овој фелш кој беше упатен високо, остро, силно и точно во агол. САД - Аргентина 0:4 и финале за Гаучосите во Копа Америка каде го чекаат подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Чиле. Со ова ремек дело Меси стана прв стрелец на Аргентина со 55 гола и му го сруши рекордот на Батистута кој останува на 54.
Хрватска одигра неверојатен меч против Шпанците. Еден од најзаслужните е голманот Даниел Субашиќ кој во 71’ минута му одбрани пенал на Серхио Рамос при резултат 1:1. Заслуги за пеналот носи и Модриќ (соиграч на Рамос од Реал), кој му сугерираше на Срна што да му пренесе на голманот.
Со голот на Иван Перишиќ во 87 минута, Хрватите со пресврт се изборија за голема победа против актуелниот првак на Европа кој се соочува со пораз по 14 средби на Европските првенства. Рамос на 1:1 промаши пенал. Прва победа за Турција која постои можност да влезе во осминафинале.
Сп 70% посед на топка и 25:2 во шутеви во рамки на гол, Светскиот првак целосно доминираше на мечот против Северна Ирска кој го доби само 1:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу Украина и Полска.
Ремизираа со Русија, нивниот единствен бод со кој ги спакуваа куферите, потоа со Словачка, а Велс едвај го добија и тоа во 92 минута со пресврт. Бледо издание на Англија во групната фаза која нема постигнато гол на асистенција од корнер шест години.
Меси, Роналдо, Гризман и другите најголеми ѕвезди во шпанскиот фудбал сезонава ќе играат на нови терени кај промовираните прволигаши Легањес, Алавес и Осасуна. Од Ла Лига испаднаа Леванте, Гетафе и Рајо Ваљекано.
Еден час пред мечот Шпанија - Турција, најгласни околу и на стадионот биле само турските навивачи. Во 48-та минута од мечот грмеа само Шпанците, благодарение на нивниот нов суперхерој.
Кога селекторот на Велс, Крис Колман го објави конечниот список за ЕП 2016 имаше едно изненадување, а тоа е Џо Ледли кој на почетокот на мај месец ја скрши ногата на дуелот против Стоук. Дечкото вчера играше 75 минути против Русија и се радуваше на историскиот пласман на Велс во нокаут фазата на нивното прво учество на Европските првенства.
Голот на Чесите во 94-та минута со кој им извадија 2:2 до толку им го изремети мирот на Хрватите, што почнаа да прават можни сценарија за испаѓање, а нема потреба, тоа речиси е невозможно да се случи.
Рој Хоџсон ги измеша картите, Руни остана на клупата и Словачка и Англија ремизираа 0:0. Велшаните со 3:0 ја згромија Русија и како први од групата одат во следната фаза.
Освен по ривалството во бивша Југославија, дуелот меѓу Динамо Загреб и Вардар не наведува да го гледаме и низ призма на инцидентите на ЕП 2016 каде учесници беа неколку хрватски хулигани меѓу кои се верува дека има и поддржувачи на Динамо, а противници на Мамиќ.
Романтичарите налетаа на најнезгодниот можен противник во оваа фаза, Тетовци против полска Краковија која има бројни навивачи, а Кратовци ќе одат на екскурзија во Лихтенштајн.
Селекцијата на Албанија на своето прво Европско првенство во историјата ја оствари првата победа, а тоа ќе им донесе една неочекувана награда од премиерот која не е парична.
Македонскиот шампион ќе ја започне европската авантура од 2. коло против еден од најтешките противници, хрватскиот првак Динамо Загреб. Скопјани четврти пат во последните пет години ќе се обидат да стигнат до целта.
Концентрациониот логор ''Gross Rosen'', кои Германците го изградиле за време на II Светска Војна е место каде страдал голем дел од полскиот народ. Затворениците од полско потекло таму првпат ги победиле Германците 1:0 со голот на чуварот на логорот, Здислав Левандовски.
По историскиот прв пласман на едно Европско првенство, албанските репрезентативци ја остварија и првата победа, против Романија 1:0. Шансите да одат во следната рунда како најдобра трета селекција се теоретски, но сепак постојат. Еве што треба да им се оствари иако е малку остварливо.