Кај омилениот играч на Бока, носталгијата беше пресудна да се врати во Аргентина откако достигна врвна слава и заработи многу пари во Европа, а кога направи трансфер од Јувентус во Бока Јуниорс изјави:
„Не сакам повеќе да играм. Изморен сум од фудбалот. Сериозен сум. Фудбалот е само за пари и тоа не ми се допаѓа. Фудбалерите веќе не се интересираат за освојување на титули, туку само за пари“
Е тие пари сега го предомислија и него или со други зборови Карлос Тевез си го погази зборот за да стане најскап фудбалер во историјата со ненормално висока плата која ќе му ја дава Шангај Шенхуа во Кина.
- 32 милиони фунти годишно (38 милиони евра)
- 2,6 милиони фунти месечно
- 615.000 фунти неделно
- 88.000 фунти дневно
- 3.600 фунти во минута
- 1 фунта во секунда
Ниту еден друг фудбалер ниту има, ниту имал волку високи примања само од плата во клубот каде што игра, но како тргнале работите во фудбалот, штом на Тевез за една година ќе му дадат 38 милиони евра, следниот што ќе му го сруши рекордот треба да очекуваме дека веројатно ќе заработи 50 милиони годишно.
Во Бока го премолија да остане и додека го напушташе теренот на последниот дуел против Колон кој го добија со 4:1, го испратија со овации. Еден навивач дури и истрча на терен и му се поклони.
#Tevez Imágenes propias de lo que pareció un clario adiós a su amado #Boca. A no perdérselas! pic.twitter.com/yt7jteeydj
— NICO SINGER (@NicolasSinger) December 19, 2016
Дејли Телеграф уште пред една недела тврдеше дека Тевез наскоро ќе замине во Кина и ќе стане најплатен фудбалер на сите времиња и тоа се оствари. На руските и арапските милијарди кои влегоа во фудбалот, најголема конкуренција им станаа кинеските пари кои дефинитивно веќе ги поместија границите.
Според Дејли Мејл во моментов десетмината најскапо платени играчи во светот заработуваат 182 милиони евра годишно.