Првите 18 месеци на Канте во Премиер лигата

„Канте не е играч кој постигнува голови, но тој победува за другите во тимот и работи повеќе за другите отколку напаѓачите кои се суперѕвезди“.

Ако вашето име е Н’Голо Канте` тогаш има големи шанси да имате многу победи во фудбал, а Канте ги има најмногу во Премиер лигата остварени за толку кус период во конкуренција на активните играчи.

Статистиката покажува дека Французинот роден во Мали, победил на 37 од вкупно 54 натпревари кои до сега ги одиграл во Премиер лигата. Тоа е 68,5 % успешност.

Во моментов ниту еден друг играч од Премиер лигата со минимум 50 одиграни средби нема толку голем процент на победи. По него следуваат Начо Монреал од Арсенал, па Туре и Чех.

БиБиСи прашува дали Канте е најважниот играч? За време на неговиот стаж во Премиер лигата, ја освои титулата со Лестер, направи трансфер во Челси за сума од 32 милиони фунти и е лидер на табелата, а за неговата игра во средниот ред постојано добива позитивни критики.

Марк Шварцер кој е поранешен голман на Лестер и Челси за него изјави:

„Канте е неверојатен играч со неверојатна моторика. Минатата сезона беше на врвот на сите статистики и работи на терен за двајца. Toj не е играч кој постигнува голови, но тој победува за другите во тимот и работи повеќе за другите отколку напаѓачите кои се суперѕвезди“.

Го има и во топ 10 листата составена од играчи со најголем процент на победи во Премиер лигата на сите времиња. Таму прв е Ариен Робен со 55 од 67 или 82,1% за време во периодот во Челси меѓу 2004-та и 2007-ма.

Пјотр Војтина кој го има тренирано Канте во аматерскиот тим ЈС Сурсенес за него рече:

„Н’Голо е феномен и не верувам дека некој ќе го повтори патот кој тој го изоде. Неговата издржливост е неверојатна. Кога правевме тестирања кој играч е најбрз со топка, тој како тинејџер ги оставаше сениорите зад себе“,

За неговата работа на терен најдобар доказ е овој шематски приказ од мечот против Сандерленд пред 5 дена.

19 декември 2016 - 11:47