Да го имаш во екипа Макелеле или по ново Н’Голо Канте’ и да го продадеш, тогаш мора да ти биде јасно дека си направил тежок кикс и голема дупка во среден ред. Дечкото од Мали лани беше број 1 во Премиер лигата по број на украдени топки и лизгачки стартови и со своите зрели 25 години сега го држи средниот ред на Челси или поточно цел терен. Не за џабе го платија 32 милиони фунти.