Легендата на Удинезе играше заедно со Алексис Санчез од 2008-ма до 2011-та, период во кој успеаа да го однесат клубот до квалификациите за Лига на шампиони. Според Ди Натале има повеќе причини зошто Санчез е посебен играч и еден од најкомплетните напаѓачи.
„Знаев дека Удинезе купи играч од Чиле кој ветуваше и кој го носеше прекарот “Niño Maravilla”. Точно е дека во Јужна Америка се великодушни кога даваа прекари, а тука во Удине сме навикнати да слушаме вакви работи: `После се, стратегијата на клубот е да избере непознати играчи, да ги следи, да ги анализира и потоа евентуално да ги купи.
Влијанието на Санчез беше едноставно импресивно. Бев воодушевен од неговите технички способности, но тоа што навистина ме погоди беше неговиот секојдневен пристап на работа. Во кариерата сум видел многу талентирани играчи, но со погрешен пристап и еден вид на мрзеливост.
Алексис беше нешто спротивно на тоа. Никогаш не сум го видел расеан, беше секогаш внимателен и фокусиран, секогаш подготвен да работи повеќе од другите за да се подобри. Беше заинтересиран и за оние аспекти од играта кои често ги мразат големите таленти: тактичките аспекти, физичката состојба, начинот за да им се помогне на играчите од среден ред и на бековите.
Тоа е веројатно работата која му дозволи да стане еден од најголемите играчи во свет. Тој е комбинација на индивидуален квалитет и подготвеност да се жртвува. И да, тоа е мојот најдобар партнер кој сум го имал во напад во мојата кариера. Сум играл со многу големи играчи, но тој е најдобар. Алексис е способен за се и е еден од најкомплетните напаѓачи во светот, може да игра и крило и напаѓач. Во Удине во некои итни случаи играше средина.
Се видовме минатото лето во Ватфорд и иако е сега е интернационална ѕвезда, воопшто не се сменет. Нема капка ароганција кај него. Тој е истото момче од периодот кога беше во Удине, а за мене тоа е најзначајната страна. Тој ден му го побарав дресот за мојот син, а тој место да ми го даде тој, го најде дресот со кој го одиграл првиот меч за Арсенал. Можеше да си го чува како спомен, но сакаше да му го подари на син ми. Ваквите гестови го прават посебна личност.“