Напаѓачот на Селта, Џон Гвидети подобро нека не гледа хајлатс од синоќешниот меч на Олд Трафорд или барем нека не го гледа крајот. Топката во последните секунди стигна до него на 5 метри на празен гол, а тој...
Фудбалерите на Лион со пресврт го совладаа Ајакс и за еден гол не успеа да го однесат мечот во продолженија. На другото полуфинале во ЛЕ Селта израмни во финишот од мечот на Олд Трафорд на кој имаше многу нервоза и два црвени картони.
Во ситуација кога Реал испадна од Куп, Баерн од ЛШ и Куп, а Монако од ЛШ и Лига Куп, само актуелниот првак на Италија може да ја освои триплетата која последен пат во Италија ја врза Мурињо со Интер, a во Европа Барселона со Енрике.
Коментатор кој не се “пали“ на гол не е добар коментарот нели? Ние вчера го испративме во пензија Калински кој кога паѓа гол сигурно го слушаш и да си во другата соба. Италијанците го имаат Сандро Пичинини кој урла и ја има онаа потребна емоција со која ја опишува важноста на голот.
Реал Мадрид е рекордер по број на освоени титули во Лига на шампиони, а Јувентус е рекордер по број на загубени финалиња. Првиве го имаат најдобриот играч во светот според ФИФА, а вториве најдобриот голман на кој му фали овој пехар. Ова финале ќе биде пеколно тешко за прогнозирање.
Откако заврши четврт во 2000-та година, Пелистер стигна дури до третото квалификациско коло во Интертото Купот каде им се падна Селта Виго, годинешниот полуфиналист во Лига Европа.
11 мај 2001-ва е дефинитивно датум на навивачите на Милан кои доживотно ќе ги реметат градските ривали за дебаклот кој ретко се гледа во градско дерби. На семафорот стоеше 0:6, болно за Интеристите. Во канонадата од голови учествуваа по два пати Командини и Шевченко и по еднаш Џунти и Сержињо. Неповторливо.
Го оспоруваа, го омаловажуваа, те не бил за Реал, те не бил за први 11, Мората требало пред него. Карим вчера го зема фудбалот, направи дар-мар и после неговата асистенција падна голот на Иско вреден финале.
Тимот на Шапекоенсе се врати во Колумбија, на меч од Рекопа (Супер Куп) против Атлетико Национал. Меѓу пристигнатите беа и преживеаните од авионската несреќа на 28. ноември лани - Џексон Фолман, Алан Рушел и новинарот Рафаел Хензел.
После само 16 минути Атлетико Мадрид беше близу до чудо затоа што поведе со 2:0 и само гол ги делеше од израмнување на вкупниот резултат. Но Иско го кажа последниот збор на мечот и со гол го олади „Висенте Калдерон“. Реал е финалист на ЛШ.
Можеби најдобрите напаѓачи од кога се игра фудбал на ова поднебје никогаш немале прилика да играат во ист клуб, но затоа еден против друг демонстрирале неверојатни голгетерски карактеристики.
Во Италија навивачите може да се поделат на италијански навивачи и италијански навивачи од Неапол. Овие вториве кога слават титула има и голем број на повредени. Нивната страст за фудбал нема граници, особено кога се работи за нивниот Бог – Диего Армандо Марадона.
На страна спортскиот аспект, најелитното клупско европско натпреварување носи и сериозни пари кои постојано растат. Јувентус за разлика од минатата сезона во ЛШ ќе заработи околу 40 милиони евра повеќе.
L'Equipe пишува дека најдобриот голман на светот ако ја освои Лигата на шампионите ќе се качи на фудбалскиот Олимп како број еден на сите времиња. Буфон е над сите клупски ривалства и препукувања. Нема човек кој не го почитува ликот и делото на кецот на Јуве.
Човекот кој во последните пет тренерски авантури помина прилично лошо е назначен за спасител на репрезентацијата на Холандија на која ѝ се заканува уште еден дебакл - по Европско, сега да не се пласира ниту на Светско првенство.
По пауза од две години, Јувентус се враќа во финалето од Лигата на шампионите каде повторно ќе се пресмета со шпански тим. По долгата и напорна сезона во која се борат на три фронта задоволството на играчите е огромно, а тоа се гледа и по оваа снимка. Реал или Атлетико нека му ја мисли на 3 јуни.
Роналдо и Златан Ибрахимовиќ се едни од ретките кои им посветуваат најмногу внимание на децата задолжени да излезат со играчите на терен пред почетокот.
На централниот дефанзивец на Бастија, Ел Каутари не му беше гајле што игра против ѕвездите од ПСЖ, па реши една топка од својот шеснаесетник да ја изнесе на најризичен можен начин.
„Старата дама“ ја продолжи фантастичната серија од 51 натпревар без пораз на својот стадион и заслужено ќе го игра 9-то финале на Лига на шампиони каде има две титули.
Фудбалерите на Монако имаат исклучително тешка задача да ги анулираат оние 0:2 од првиот полуфинален дуел од ЛШ. Ја гледаш анализава и сфаќаш едно. Во Јувентус не знае човек кого попрво да чува, сите се јаки.
Иако важи за клуб кој ги прави најскапите трансфери во светот и со голем буџет и скапи ѕвезди сака брзи успеси, сепак во Кралскиот клуб во последно време има една стратегија која се вика „Во младите е иднината“.