Додека очите и мислите ни се вперени во мегафудбалскиот настан за Македонија, ќе се осврнеме кусо на друга тема. Синоќа Барселона и Чапекоенсе одиграа пријателска средба на која резултатот од 5:0 оди во втор план. На Камп Ноу се појавија тројцата преживеани фудбалери од авионската несреќа, Алан Рушел, Џексон Фолман и Нето. Рушел кој одигра половина час имаше само една посебна желба, а тоа е да си разменат дресовите со Меси.