Рафа Маркез обвинет за соработка со нарко-дилери

Властите во САД го обвинуваат познатиот мексикански фудбалер Рафаел Маркез за учество во нарко-бизнисот и му забраниле влез во Америка.

Некогашниот стопер на Барселона кој со клубот од „Камп Ноу“ освои бројни трофеи се сомничи за врска со нарко-дилерот Раул Флорес Ернандез за чии организации (вклучувајќи фудбалска школа и хуманитарен фонд) перел пари.

Маркез кој долги години беше и капитен на мексиканската фудбалска федерација се најде на списокот на нарко-картелот на кој има 22 лица и 43 организации. Сите се под санкции од САД.

КОЈ Е РАУЛ ФЛОРЕС ЕРНАНДЕЗ?

Има 64 години а во бизнисот со наркотици. Според ESPN кој земал изјава од Мајк Виџил, поранешен висок чиновник во Управата за борба со наркотици на САД, Ернандез може да се нарече господар на средните картели кој има неверојатна способност дда планира и организира врски меѓу картелите.

Уапсен е на 20. јули и чека на екстрадиција. Ернандез одамна бил добро познато лице на полицијата и долго бил поврзан со трговија на дрога. Секој добро знаел со што се занимава тој, така што веројатноста Рафа Маркез, некогашниот европски шампион со Барса да не знаел за тоа е мала.

ШТО ИЗЈАВИЛ САМИОТ МАРКЕЗ?

Во средата Рафаел свикал прес-конференција во неговиот сегашен клуб Атлас Гвадалахара каде дојде лани. „Категорично отфрлам какви било врски со оваа организација. Ова сигурно е најтешкиот натпревар во мојот живот, но ќе успеам. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката која ми ја пружаат. Ќе го исчистам своето име и одново ќе бидам Рафа Маркез кој го знаат сите“, рекол Маркез пред новинарите.

Американското министерство за правда соопштило дека санкциите се резултат на повеќегодишна истрага за трговија на дрога. Маркез негирал сè.

Освен него на списокот има уште неколку познати луѓе меѓу кои и популарниот пејач во САД, Хулион Алварез. Тој го поддржал Маркез за кого рекол дека е негов близок другар. Интересно после оваа вест, од Инстаграм профилот на претседателот на Мексико Енрике Пења Нето исчезнала фотографијата со пејачот Алварез.

Во Европа Рафаел Маркз сите добро го паметат по настапите за Барселона - каде играше 7 сезони кај Рајкард и Гвардиола. 4 пати ја освојуваше Ла Лига а 2 пати Лига на шампиони. Има 38 години а неодамна летово играше и на Купот на Конфедерации во Русија за својот Мексико (малку време мина на теренот).

За некој месец ќе се појави на 5. Светско првенство во неговата кариера. За репрезентацијата има 140 меча а дебитираше во далечната 1997 година.

10 август 2017 - 14:36