Фудбал

Анчелоти заигра карти во родниот крај

Секое место, помало или поголемо има свој лик кој заминал на работа по светот а со него се горди земјаците. Така е и со еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот Карло Анчелоти кој се врати во родното место Реџоло во Италија и поиграл карти пред локалната коперација.

Бразилска самба во соблекувална

Пред мечот со Еквадор од квалификациите за Мундијал 2018 бразилските репрезентативци играа серва на масичка во соблекувалната.

Уиграна комбинација на денот

Уште 1.000 пати да го гаѓа нема да се случи ваков трагичен автогол. Ги гледаш двајцата несреќници и се прашуваш на кого му е поглупо.

Најубавиот гол во ЛШ за сезона 2016/2017

Читателите и посетителите на сајтот на УЕФА го избраа најдобриот гол на сезоната во Лига на шампиони. Реал Мадрид во финалето го совлада Јувентус со 4:1, а италијанскиот првак го постигна најубавиот гол кој е дело на Марио Манџукиќ.

Барди мајсториште во тебе е иднината

Кога сезоната во шпанскиот фудбалски шампионат уште не беше почната, Енис Барди веќе нанижа три комада за Леванте. Што направи викендов во Ла Лига? Прашајте го голманот на Ла Коруња. Голчиште за сите пари од новиот специјалист за слободни удари. Едвај чекаме тв пренос со Леванте.

Што го чека Вардар во Лига Европа

Многумина очекуваа клубови од поблиски градови ширум Европа, со цел полесно да се режира евентуално гостување, а Ерик Абидал извлече далечни дестинации. Што е тука е, Вардар го очекува убава фудбалска есен.

Вардар - скромна фудбалска поезија

Сè што можеше да тргне наопаку им се случи во шест европски натпревари. За Малме беше досуден непостоечки пенал, во Копенхаген примија гол во 57-ма секунда, а другиот беше автогол. Со Фенербахче Грнчаров доби црвен картон, тренерот си замина во сред квалификации, а медиумите пишуваа за заминување на Самсоненко. Во ниту еден момент фудбалерите не паднаа, ниту бараа изговор, а имаа многу материјал за да изградат алиби, пишува sportclub.rs

Голгетерско шоу на Македонците низ Европа

Селекторот Игор Ангеловски сигурно е презадоволен од формата на македонските репрезентативци во очи на квалификациските средби со Израел (2-ри) и Албанија (5-ти) септември. Голови на наши интернационалци фрчеа во Шпанија, Англија, Италија, Турција, Кипар.

Навивачите и фудбалерите на Вардар заедно славеа во кафана

Ако некој мислеше дека со пречекот на хероите на аеродром ќе заврши славјето за историскиот успех на Вардар и македонскиот фудбал, се лаже. Вардарци вчера беа на боемска, а потоа стигна и веселото друштво.

Роберто Манчини и Зенит доаѓаат во Скопје на 14 септември

Само 20 дена има Вардар за средување на впечатоците, па спремање, тренирање, концентрирање, а можеби и носење на уште некое засилување пред најголемиот предизвик во нивната историја. Лига Европа почнува брзо.

Моментот кога Абидал го извлече Вардар

Сајтот на УЕФА денеска во 13 часот беше отворен од илијадници Македонци кои цупкаа во место и со нетрпение ги чекаа противниците на Вардар во нивната прва историска ждрепка во фазата по групи за ЛЕ. И како за беља, ние на крај за да биде уште повеќе тензично. Поранешниот фудбалер на Барселона го смести Вардар со незгодни противници од Русија, Шпанија и Норвешка. Има да се изнапатуваат.

На Вардар му се падна шкарт група

Во некои други времиња, ќе молевме да ни се паднат полесни противници. Ама еден ден по елиминацијата на Фенербахче, ќе беше фер да ни се падне да прегазиме некој како Милан или Арсенал.

Џентлменот Чеде Јаневски

Навивачите на Вардар му скандираа „Чеде мајсторе“ на аеродром, но тој посочи со прстот накај автобусот и им кажа дека успехот не е негов, туку на играчите. Само големи луѓе го прават ова.

Како беше во соблекувална

Откако ќе елиминираш тим со вкупни 4:1, кој има 19 титули и буџет од 150 милиони евра, а дел си од македонска лига, имаш право гол да се шеташ низ град. Капа доле момци, не само што го одбранивте резултатот, туку ги попаривте и таму. Ова е најзаслуженото славје што може да постои.

Чудо на Босфор - Вардар е летен европски хит

По величењето после првиот дуел во Скопје, медиумите од регионот уште еднаш го истакнаа резултатот на Вардар кој овој пат му приреди шок на Фенербахче среде Истанбул. Сензацијаtа е факт, пишува еден бугарски медиум.

Грне е вистински капитен

Доби црвен картон на првиот дуел во Скопје, но сепак полета со нив да им даде поддршка од близу. Прав капитенски потег на Бобан Грнчаров кој испишувањето на македонската фудбалска историја го прослави заедно со своите колеги - херои.

Рутински и минимален триумф на Милан во Скопје

Со голот на 19 годишниот Кутроне, фудбалерите на Милан уште еднаш потврдија дека Шкендија нема што да бара во овој двобој кој инаку е последнаа пречка за влез во групната фаза во ЛЕ. Шкендија редеше шанси, но Сторари бранеше безпрекорно.

Вардар е во Лига Европа!

Со херојски настап во срцето на Истанбул, против моќниот Фенербахче, фудбалерите на Вардар одиграа фантастичен меч, славеа 1-2 и со вкупен резултат 4-1 одат во Лига Европа, елитното друштво каде првпат ќе игра македонски претставник.

Стефан Ристовски налета на Барса и Јуве и повторно Олимпијакос

Легендарните напаѓачи Франческо Тоти и Андриј Шевченко ги извлегоа групите за новата сезона 2017/2018 во Лигата на шампионите. Завесата се спушта во Киев на 26 мај 2018-та. Групи на смртта може слободно да се наречат Ц и Х.

Специјална најава за кам бекот на Златан на Олд Трафорд

Во својата деби сезона во Манчестер Јунајтед постигна 28 гола на сите натпреварувања и ќе беше грев ако не му продолжеа договорот поради повредата. Твитер профилот на клубот денеска е преплавен со Ибра, а има и зошто. По долга неизвесност шведскиот фудбалски ас доби нов едногодишен договор и дрес со број 10. 

Седумкратниот европски првак си шета лабаво низ Скопје

Дојдоа вчера попладне, тренинг не одржаа, туку директ во хотел Мериот каде имаа и прес конференција. Планот на прва им изгледаше дека ќе бидат целосно недопирливи за јавноста како Реал и Манчестер, арно ама не било така. Браво, ова е голем клуб.

Едно поинакво и поинтересно видео за Шкендија

Од бетонските трибини кај што стојат навивачите на тетовска Шкендија најчесто доаѓаат теми кои не се пријатни за разговор. По серијата националистички испади, сега стигна едно убаво видео снимено од светски познатиот сајт COPA90.

Навивачки пречек на играчите на Милан во Скопје

За разлика од мерките за безбедност на Супер Купот кога врапче не можеше да прелета, овојпат екипажот на Милан дојде во центарот на Скопје без многу обезбедување. Росонерите пред хотелот ги пречекаа околу 300 навивачи од земјава кои гласно го поздравуваа секој што излегуваше од автобусот.