
Марко ван Бастен предложи 8 нови правила кои веќе биле тестирани на третолигашки натпревар во Холандија.
Од една страна ова со барањето да има помалку натпревари во текот на годината е скроз логично бидејќи фудбалерите имаат пренатрупана агенда со настапи во првенство, национални купови, европски купови и репрезентативни обврски.
Но се прашуваме на што ќе личи фудбалот без офсајди и пенали?
- Нема пенали, туку само слободни удари.
- Укинување на офсајд.
- Уникување на жолти картони, црвените да останат.
- Ограничување на 5 фаули по играч.
- Времето потрошено за измени да не се додава во судиското продолжение.
- Со судијата смее да зборува исклучиво капитенот.
- Хокејски измени.
- Помалку натпревари во текот на годината.