Фудбал

Последното славје на загинатите Бразилци

Шапекоензе на 23 ноември испиша фудбалска историја откако во двомеч го мина Сан Лоренцо и за прв пат се пласираше во финалето на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа). Дома одигра 0:0, а на гости 1:1. Немаат титула во бразилската прва лига каде се пласираа во 2014-та, по пауза од 35 години.

Се сруши авион со бразилски фудбалери во Колумбија

Авион со 81 патник и членови на посадата којшто патувал од Боливија кон Колумбија се срушил близу Меделин. Во авионот бил бразилскиот прволигаш Шапекоензе кој патувал на финале од Копа Судамерикана. Пет преживеани.

Кој би рекол дека ќе читаме вакви вести за Манчестер со Мурињо

По потрага по барем близу достојна замена за незаменливиот Фергусон, кој се препотува од мака кога ги гледа од вип ложата, Црвените ѓаволи по Мојс и Ван Гал, беше сосема логично спасот да го бараат во Жозе Мурињо. Но не оди и не оди.

Македонија 39-та по играчи во европските лиги

Во големата петорка на европскиот фудбал (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија) Македонија има тројца претставници и сите играат во Серија А. Имаме 29 фудбалери ширум Европа. Бразил е прв по извоз.

6.084 дена по голот на Чоло, сега и син му го начна Јувентус

Џовани Симеоне (21) во неделата беше играч на натпреварот Џенова - Јувентус кој заврши 3:1. Таткото на Џовани, Диего Симеоне на 1.април 2000-та година со гол со глава му донесе победа на Лацио против Јуве на „Деле Алпи“, а подоцна Лацијалите ја освоија титулата.

Запомнете го Олександр Зинченко

Роден на 15. декември 1996 година, младиот Украинец Олександр Зинченко беше член на Шахтјор Донецк, а потоа замина во рускиот тим Уфа. Во јули годинава Сити го купи и во август го позајми во ПСВ Ајндховен каде Украинецот потсеќа на Меси.

Бил бегалец, му ги убиле родителите, а сега е меѓу најдобрите играчи во Премиер

Во страшниот воен виор, оној религискиот, во Нигерија секојдневно гинеле многу христијани и муслимани меѓу кои и родителите на Виктор Мозес. Тие биле убиени кога нивниот син имал само 11 години.

Местото каде Барса не може да победи цели 10 години

Голот на Меси синоќа во второто полувреме ја спаси Барселона од нов пораз во Сан Себастијан, место каде Каталонците не знаат за триумф повеќе од една деценија.

Зошто Ница не победи

Аласан Плеа е стрелец број 1 во Ница со 8 голови, два повеќе од Балотели. Тој погоди и синоќа против Бастија, но проблемот е што гостите во второ полувреме израмнија, а 23 годишниот француски напаѓач не смееше да си дозволи вакво нешто на три минути до крај. Монако и ПСЖ сега им дојдоа на -1.

Талески за нова европска радост на Металург

Македонскиот вицепрвак ја забележа и втората победа во серија во рамките на Лигата на шампионите и му врати на Татран Прешов за поразот во второто коло.

Глупача со три деца

Во Англија одењето на стадион е како семејна традиција со години, ама мајкава со овој памет ептен ќе заврши работа во воспитyвањето на децава кои го бодрат третолигашот Милвол. Плус веројатно таткото е џандар.

Најлошото голманско додавање во историјата на Премиер лигата

За чуварот на голот на Ливерпул на Википедија пишува: Лорис Кариус е професионален голман од Германија кој брани за Ливерпул. Човек да не го знаеше немаше да поверува дека голман од лидерот во Премиер лигата кој денеска го совлада Сандерленд со 2:0, може да направи ваков аматерски потег.

Како газдата од Сингапур од Валенсија направи аутсајдер

Првиот ред од доминото во Валенсија падна кога милијардерот од Сингапур, Питер Лим ја прекрши првата заповед на богатите газди на спортски клубови: ’Немој да влегуваш во микроменаџмент и да купуваш клуб ако не си способен за тоа’.

Моџи за Јувентус, средбата со Рајола и конечната табелата во Серија А

Еден од најконтроверзните раководни лица во историјата на италијанскиот фудбал кој правеше распореди кој судија на кој меч да суди, даде свои предвидувања за првите 6 позиции на крајот од оваа сезона и раскажа како со едно обраќање сакал да му даде до знаење кој е кој на еден од највлијателните агенти во фудбалот.

Најдобрите голови во кариерата на Џерард

Коп го викаше “Снајперот“ затоа што кога ќе се наместеше добро од убава позиција, двајца голмани не му го бранеа шутот. Стиви Џи вчера ја заврши активната играчка кариера и фудбалот остана без уште една легенда.

Шкотски пратеник пред отказ, судел Лига на шампиони воочи седница

Даглас Рос, еден од подобрите шкотски линиски судии, кој беше помошник на мечот Спортинг Лисабон - Реал Мадрид во вторникот, би можел да го загуби пратеничкото место во Парламентот затоа што пропуштил важна седница.

Му ја погодиле рекламата на Гризман

Најдобриот стрелец на ЕП 2016 си има свој начин на прослава на головите, а денсот откри дека го ископирал од песната Hotline Bling. Во Пума не седеле со скрстени раце и од тој момент се инспирирале да го направат ова:

Двата гола на Рома кои се гледаат повеќе од еднаш

Рома славеше убедливо со 4:1 против Виторија Плзен, а публиката уживаше во две ремек дела. Рабона на Аргентинецот Диего Пероти и мајсторија на Босанецот Един Џеко.

Манчестер Јунајтед конечно убедлив, нов рекорд на Руни

Со високи 4:0, Црвените Ѓаволи славеа против Феенорд и направија важен исчекор за пласман во следниот круг на Лига Европа. Вејн Руни стигна до 39 погодоци во европските купови и го сруши рекордот на Ван Нистелрој. Убедлив триумф забележа и Рома.

Шлаканица за Интер и елиминација од Лига Европа

И со нов тренер продолжуваат очајните резултати на Интер кој по 0:2 во Израел дозволи целосен пресврт да му направи Хапоел Бер Шева со гол во 93-та минута. Во судиското продолжение златни три бода освои и Паок во Фиренца, а со ЛЕ се збогуваше и Ница. Шалке и Шахтјор се најубедливи со 5 од 5.

Не е ниту Бекам, ниту Чави

Џо Пејн има само 17 години, игра во одбрана и е член е на четвртолигашот Престон. После ова што го направи никој во школо од другарите нема право да му држи лекции по фудбал.

Најдобрите куклени предизвици во фудбалот

Да, сигурно нема да видиме фудбалер со предизвик како чита книга или зборува за глобалното затоплување. Во празното време меѓу натпревари и тренинзи имаат време и за вакви работи.

Que sera, sera - Стиви Џи ѝ кажа крај на кариерата

Фудбалот останува без една од најголемите легенди во историјата. Големиот капитен Стивен Џерард денес ја затвори книгата од неговата фудбалска кариера.