Најголемите касапи во Серија А со најмногу црвени картони

Уругваецот Паоло Монтеро кој играше за Јувентус е најисклучуваниот фудбалер во историјата на Серија А. На табелата ги има уште и Тоти, Амброзини и Бергоми, а го нема Матераци.

Кога судијата ќе ти покаже црвен картон во лице, можеш да идеш на туширање пред време. Картонот со оваа боја најчесто во италијанскиот фудбал го гледал легендарниот „касап“ на Јуве, Паоло Монтеро кој тешко дека некој ќе го достигне.

Уругваецот играше и за Аталанта и за Јуве и во тој период од кариерата добил 16 црвени картони: 13 директни и два после жолт картон.

Веднаш зад него е уште еден „булдог“, Џиџи Ди Бјаџо (9 директни црвени и 2 за два жолти). Ди Бјаџо во моментов ја врши функцијата в.д селектор на Италија и се надева дека ќе остане на клупата на „Аѕурите“ од каде доаѓа како селектор на У21.

Подиумот и „бронзениот“ медал го доби Џулио Фалконе со 8 директни црвени и 4 после два жолти за неколку различни екипи во Серија А.

Интересно во Топ 10 го нема Марко Матераци, еден најпознатите „кољачи“ во европскиот фудбал. Марко има 14 исклучувања во кариерата но „само“ 8 му се во Серија А. 12 црвени картони како Ди Бјаџо имаат уште и Кристијан Ледезма, Салеј Мунтари (пред неколку дена потпиша со Депортиво Ла Коруња чијшто тренер е Кларес Сидорф) и Џампјеро Пинци (рекордер по бројот на двојни жолти картони и автоматски црвени, вкупно 140 жолти добил Пинци во кариерата).

На листата следат Масимо Амброзини, некогашниот „касапин“ на Милан и Бепе Бергоми, легендата на Интер кои имаат по 11 црвени картони колку што имаат и Џузепе Бјава, Даниеле Конти, Фернандо Коуто, Фелипе, Џорџо Ферини и Франческо Тоти.

Табелата на играчи со најмногу црвени картони во Серија А:

1. Паоло Монтеро, 16 исклучувања
2. Луиџи Ди Бјаџо, 12 исклучувања
3. Џулио Фалконе, 12
4. Кристијан Ледезма, 12
5. Салеј Мунтари, 12
6. Џампјеро Пинци, 12
7. Масимо Амброзини, 11
8. Џузепе Бергоми, 11
9. Џузепе Бјава, 11
10. Даниеле Конти, 11
11. Фернандо Коуто, 11
12. Фелипе, 11
13. Џорџо Ферини, 11
14. Франческо Тоти, 11