Уругваецот Паоло Монтеро кој играше за Јувентус е најисклучуваниот фудбалер во историјата на Серија А. На табелата ги има уште и Тоти, Амброзини и Бергоми, а го нема Матераци.
Замислете ја оваа збирштина на познати фудбалери во еден тим како што ги сместиле во видеово. Па секој меч ќе биде прекинуван поради недоволен број на играчи на терен. Пола од нив сигурно ќе папаат црвени картони. Некои стартови кои ги имаат направено директ на цеваница се за во затвор.
Остави голем белег во Јувентус како цврст и пргав стопер во времето на Липи. За трофеи не може да се пожали бидејќи освои 10, со исклучок на еден кој го испушти во три наврати и кој смета дека заслужиле да го освојат во првиот од тие три обиди.
„Слушав многу за тебе. Дека си бил фајтер како мене. Ако е така, заедно ќе им влеваме повеќе страв во коски на нашите противници. Добредојде во Јувентус", биле првите зборови со кои рекордерот по бројот на црвени картони го пречекал Давидс.