Фудбал

Голот на Барди од навивачки агол

И покрај тоа што резултатски, како четвртопласирани во група, ова не можат да бидат сметани за успешни квалификации, сепак останува онаа лична сатисфакција за нерешените 1:1 против Италија и Англија. Водството на полувреме синоќа донесе голема радост на преполнетите трибини.

Милевски одржа краток говор во соблекувална

По сензациското реми против Англија, која не потопи 7:0 на првиот меч, селекторот истакна дека е горд поради карактерот на репрезентативците и односот кон дресот. Македонија ги заврши осмите евроквалификации со 2 победи, 2 нерешени и 4 пораз, како четвртопласираната во групата Ц со 8 бода.

Голот на Барди против Англија и ерупцијата на „Градски“

Македонија игра одлично прво полувреме против Англија и поведе со гол на Енис Барди во 41' минута од пенал. Словачкиот судија Филип Глова гледаше ВАР и досуди пенал по прекршокот на дебитантот Рико Луис над Бојан Миовски.

Историско реми за Македонија со европскиот вицешампион Англија!

Во рамки од 8-то коло, последно од квалификацискиот циклус, вечерва во Скопје пред 30.000 гледачи Македонија одигра одличен натпревар против големиот ривал, светската фудбалска велесила Англија. 1-0 на полувреме, 1-1 крај.

Во Љубљана вечер се игра интересен меч, Казахстан може на прво историско Европско

Квалификациите за Евро 2024 полека стигнуваат до самиот крај. Како што македонската фудбалска селекција пред три години го оствари сонот наречен Европско првенство, така сега сонуваат две селекции кои за првпат во историјата би можеле сензационално да се пласираат. Нормално, ако направат чудо.

Капитенот на Унгарија со ракија на екс прослави пласман на Европско

Големата ѕвезда на унгарскиот фудбал, Доминик Собозлаи од Ливерпул, синоќа постигна гол и еден наместо во триумфот на Унгарија од 3-1 над Црна Гора со што и официјално Унгарците се пласираа на Евро 2024. После мечот со навивачите Собослаи се напила палинка, овошна унгарска ракија.

Градски sold out, 2.300 Англичани, 120 новинари

И покрај тоа што ќе биде натпревар без резултатско значење, арената Тодор Проески вечерва ќе крца, а гостите доаѓаат во полн состав со посебен протокол и без тренинг, само со тегнење мускули во сала. Ни новата трева не отидоа да ја згазат.

А го видовте ли катапултот од Зимбабве?

Остајте вие евроквалификации и ѕирнете малку што се случува во африканските квалификации за СП 2026. Зимбабве одигра 1:1 против Нигерија и го постигна еден од најјаките слободни удари, веројатно во историјата на мундијалските квалификации. Валтер Мусона се вика стрелецот. Што удар ќе беше ова?

Кој се пласираше на Европско, кој уште чека на карта?

Во неделата вечер се одиграа девет меча од кои два беа решавачки, но и останатите беа исто интересни за следење. Македонија по гостувањето во Италија, вечерва ја чека Англија која веќе одамна е пласирана на Европско.

Жена те исклучува без око да ѝ трепне

Најдобрата судијка, Французинката Стефани Фрапар веќе извесно време суди и во најпрофесионалниот машки фудбал. Под значка од УЕФА Фрапар суди натпревари од еврокупови и од квалификации за Европско. Синоќа делеле правда на мечот Лихтенштајн - Луксембург и уште во 3’ минута по прегледување ВАР го исклучила најдобриот гостински фудбалер Данел Синани.

Петтолигашки еврогол кој секој играч би сакал да го доживее

Убавината се состои од тоа што ја прими на гради, му легна и ја распали како бомба, а мајсторијата во тоа што свртен со грб, немаше време за координација и поглед кон гол. Стрелецот е Пабло Лонго од шпанска петта лига.

Како изгледа тревата на Градски за вечер?

На 9 септември беше нива за садење компири на која им извадивме 1:1 на Италијанците. Сега е дури и предобра, да те фати страв пак да не нè растурат.

Запознајте ги физиотерапевтите на македонската репрезентација

Срле, Боки, Геле и Меџо се луѓето зад сцената, кои се грижат за рекуперација на нашите фудбалери и за што повеќе опуштени мускули пред натпревар. Ви ги претставува Џани, како ретко кога сериозен пред камера.

Франција го победи Гибралтар 14:0 и постави нов рекорд

Французите беа безмилосни и помалку безобразни синоќа откако го прекршија аматерскиот фудбалски ривал Гибралтар со историски 14:0! Гостите играа со играч помалку уште од 18' минута, а Мбапе со хет-трик и Жиру со еврогол со ножички беа главни актери на дуелот.

Голеада на Олимпико, голчиште на Атанасов, висок пораз на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да го задржи убавиот биланс против Италија. Четирикратниот светски првак ни се одмазди за Палермо.

Може ли Македонија до уште едно големо чудо во Италија?

Македонската фудбалска репрезентација стои во редот на оние ретки селекции кои имаат позитивен учинок со повеќекратниот светски шампион Италија. Од таа причина Италијанците не се залетуваат многу со изјави пред вечерашниот мегдан на „Олимпико“ во Рим.

Големи нереди во Бугарија, водени топови на протести против фудбалскиот сојуз

Бугарија минува низ најкатастрофалниот фудбалски период. Репрезентацијата смени селектор но јавноста бара коренити промени во фудбалскиот сојуз и го обвинува првиот човек Борислав Михајлов за ужасно раководење со фудбалот. Со децении не виделе Европско ни Светско првенство.

Еврогол на вечерта - дело на Азербејџанец

Шведска доживеа прав потоп на гостувањето кај Азербајџан. Во Баку домаќинот со играч помалку од 54’ минута славеше со убедливи 3-0 и стави точка на катастрофалните квалификации на Швеѓаните кои претрпеа дури 4 порази и примија 12 гола. Играч на мечот беше Емин Махмудов кој постигна два гола од кои последниот на дуелот беше спектакуларен од пола терен за 3-0.

Меси дивееше и се степа, Аргентина изгуби

Фудбалерите на светскиот шампион Аргентина ја прекинаа серијата од 14 последователни победи. Капитенот Лионел Меси како ретко кога во кариерата изгуби живци и фати за врат противнички фудбалер.

Филмски сцени во Колумбија, татко му на Луис Дијаз прослави два гола на синот над Бразил

Во 5. коло од квалификациите за Светско првенство, Колумбија со пресврт го совлада Бразил 2-1. Гостите поведоа рано уште во 4’ минута но јунак на вечерта беше ѕвездата на Ливерпул Луис Дијаз кој со два гола во рок од само 3 минути направи целосен пресврт. Од трибините го гледаа неговите ослободени родители кои беа киднапирани.

Сон распали за репрезентација со левицата

На денот на евроквалификациите, во Азија се играат квалификации за Светско. Јужна Кореја го декласираше Сингапур со петарда, а најјакото голчиште на средбата е дело на ѕвездата на Тотенхем, Мин Сон.

Во кои состави ќе излезат Италија и Македонија на „Олимпико“ во Рим?

Со една сензационална победа, две нерешени и еден пораз Македонија има позитивен учинок против повеќекратниот светски шампион. Италијанската јавност и самата репрезентација се премногу внимателни кога зборуваат за овој меч.

За тешкотијата кога гостуваш на моќниот Енфилд

Избрани луѓе ќе ви објаснат како е таму и зошто не е добро да ти се падне да пример да играш реванш во нокаут фаза од Лига на шампиони.