Филмски сцени во Колумбија, татко му на Луис Дијаз прослави два гола на синот над Бразил

Во 5. коло од квалификациите за Светско првенство, Колумбија со пресврт го совлада Бразил 2-1. Гостите поведоа рано уште во 4’ минута но јунак на вечерта беше ѕвездата на Ливерпул Луис Дијаз кој со два гола во рок од само 3 минути направи целосен пресврт. Од трибините го гледаа неговите ослободени родители кои беа киднапирани.

За она што се случуваше на дербито меѓу Колумбија и Бразил сигурно ќе има документарни или играни филмови. На стадионот „Метрополитано“ во градот Баранкиља пред околу 47.000 гледачи Колумбијците го совладаа големиот Бразил.

За првпат во историјата Колумбија го победи Бразил во квалификации.

Кариоките го претрпеа и вториот пораз во квалификацииве за Светско, брзо по оној првиот пред неколку недели од Уругвај и сега се невообичаено долу на табелата.

На трибините на стадионот во Баранкиља беа и родителите на Луис Дијаз, Мануел Дијаз и Силенис Маруланда кои неодамна беа киднапирано од група маскирани напаѓачи.

Мајка му на фудбалерот на Ливерпул била ослободена набрзо по нападот а татко му беше држен во заробеништво цели 12 дена. Се испостави дека киднапирањето го извела револуционерната група ELN.

По многу апели од колумбискиот народ, од фудбалерот на Ливерпул и акции на полицијата и војската, конечно на крајот Мануел Дијаз бил ослободен.

Синоќа родителите на Луис го гледале дуелот со Бразил на кој тој постигна два убави гола во 75-та и 79-та минута за победа од 2-1 над големиот ривал. Татко му плачеше од среќа, исто и мајка му.

Бразилците први дојдоа во водство преку фудбалерот на Арсенал Габриел Мартинели:

Дијаз израмни на 1-1:

Голот на Дијаз за победа:

Ова е верувале или не прв триумф на Колумбијците над Бразил во квалификации за Светско првенство после цели 15 години!

„Фала му на Бога. Тој прави се да биде можно. Ние секогаш живеевме низ тешки моменти но животот те прави посилен и похрабар. Фудбалот исто и тоа е живот. Ја заслуживме победата“, рекол после историскиот триумф Луис Дијаз.

После пет кола, на табелата во Јужна Америка Аргентина е прва со 12 бода, втор е Уругвај со 10, трета е Колумбија со 9, Венецуела четврта со 8 а Бразилците играат слаби квалификации досега, имаат два порази и 6 примени гола и се на 5. место. 

Standings provided by Sofascore
17 ноември 2023 - 09:27