Големи нереди во Бугарија, водени топови на протести против фудбалскиот сојуз

Бугарија минува низ најкатастрофалниот фудбалски период. Репрезентацијата смени селектор но јавноста бара коренити промени во фудбалскиот сојуз и го обвинува првиот човек Борислав Михајлов за ужасно раководење со фудбалот. Со децении не виделе Европско ни Светско првенство.

УНГАРИЈА СЕ СПАСИ СО АВТОГОЛ НА БУГАРИТЕ ВО ПОСЛЕДНИ СЕКУНДИ

Ако некоја селекција е најочајна во квалификацииве тоа дефинитивно е Бугарија. Нашите соседи одамна изгубија шанси за пласман на Европско првенство, на дури три меча примаа гол во последни секунди, а синоќа пред и после мечот со Унгарија во Софија избиле големи нереди меѓу навивачите на репрезентацијата (неколку групи од Софија и други градови) и полицијата.

Навивачите бараат оставка од првиот човек на фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов и влегле во жесток судир со полицијата која користела и водени топови да ги растера изгредниците.

Навивачи на Левски, ЦСКА, Славија Софија, Черноморец и други се собрале пред стадионот пред мечот Бугарија - Унгарија и протестирале против Михајлов и сојузот:

Дуелот Бугарија - Унгарија буквално до последен момент не се знаеше каде ќе се игра затоа што фудбалскиот сојуз прво се реши за Пловдив па од таму им кажаа дека новиот стадион на Ботев уште е не е довршен, па сакаа во Крџали, па на крајот назад во Софија. Малку фалеше УЕФА драстично да ги казни за лоша организација.

Натпреварот се играше без гледачи, што поради казни од УЕФА што поради тоа што Бугарскиот фудбалски сојуз не сакал нереди на стадионот за кои подоцна би плаќал енормни казни.

Бугарија синоќа ја пречека Унгарија која е прва во групата во која се уште и Србија, Црна Гора и Литванија. Унгарија прва поведе рано, но Бугарите дури и со играч помалку од 35 минута направија пресврт за 2-1 со голови на Спас Делев и капитенот Кирил Десподов. Унгарците се спасија буквално во последни секунди од мечот во 90+7’ минута и тоа со автогол на 23-годишниот Алекс Петков.

Унгарците со овој бод обезбедија пласман на Европско првенство 2024, а во последното коло Србија ќе ја пречека Бугарија а Црна Гора ќе оди во Будимпешта. На Србите им е доволен и бод за да како втори во групата одат сигурно на ЕП2024.

Standings provided by Sofascore
17 ноември 2023 - 11:48