Еврогол на вечерта - дело на Азербејџанец

Шведска доживеа прав потоп на гостувањето кај Азербајџан. Во Баку домаќинот со играч помалку од 54’ минута славеше со убедливи 3-0 и стави точка на катастрофалните квалификации на Швеѓаните кои претрпеа дури 4 порази и примија 12 гола. Играч на мечот беше Емин Махмудов кој постигна два гола од кои последниот на дуелот беше спектакуларен од пола терен за 3-0.

17 ноември 2023 - 10:24