Во кои состави ќе излезат Италија и Македонија на „Олимпико“ во Рим?

Со една сензационална победа, две нерешени и еден пораз Македонија има позитивен учинок против повеќекратниот светски шампион. Италијанската јавност и самата репрезентација се премногу внимателни кога зборуваат за овој меч.

Натпреварот од 7. коло од квалификациите за Евро 2024 меѓу Македонија и Италија се игра во петок од 20:45 на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Македонската репрезентација речиси и да ги изгуби сите шанси за пласман на ново Европско, а од нашата група за сега сигурна е само првопласираната Англија која е без пораз.

Македонија ја чека дуел со Италија на гости па со Англија дома во Скопје за крај на циклусот.

Аѕурите се под императив победа затоа што во последното коло ќе играат против незгодната Украина која своите натпревари ги игра во Прага пред најмалку 30-ина илјади свои навивачи, каде ако во игра е пласман на Европско, може да се случи сешто.

Во моментов на табела во групата Ц, Украина е втор со 13 бода но и меч повеќе од Италија која има 10 бода. Тоа значи дека Италијанците ќе мораат на две победи за сигурен пласман.

Селекторот на Македонија Благоја Милевски изјави пред мечот дека „нема предавање и дека против Италија и Англија ќе се обидат да докажат дека играат допадлив фудбал“. Милевски може да го радуваат одличните партии на македонските репрезентативци во последниов период.

Се очекува селекторот да се одлучи за стартните 11: (во формација 3-5-2): Димитриевски, Манев, Серафимов, Муслиу, Ашковски, Елези, Атанасов, Барди, Алиоски, Елмас и Миовски.

Од друга страна новиот италијански селектор Лучано Спалети кои дебитираше со бледо реми во Скопје каде Македонија многу лесно можеше и до три бода на крајот, мораше да прави измени во тимот.

Отсутни се стоперот Толои, бекот на Милан Калабрија, Камбијасо од Јувентус, Кристанте од Рома и Ди Лоренцо, капитенот на Наполи кој е казнет поради картони.

Спалети по сè изгледа ќе игра во стандардната формација 4-3-3:  Донарума, Дармијан, Гати, Ачерби, Димарко, Барела, Жоргињо, Бонавентура, Берарди, Распадори, Кјеза.

Единствени недоумици на човекот кој на Наполи му донесе скудето после 33 години чекање се стоперите Гати или Бонџорно со поголеми шанси за првиот а во самиот шпиц осамен би требало да биде Распадори иако во групата се уште и Моизе Кин и Скамака.

Standings provided by Sofascore
16 ноември 2023 - 15:00