Денешните натпревари од Серија А и Серија Б се официјално одложени откако стигна шокантна вест од Удине каде требаше да гостува Фиорентина. 31 годишниот дефанзивец на Фиорентина, Давиде Астори умрел во сон, веројатно од срцев удар.
Цел „Сан Паоло“ во Неапол се спремаше за дербито со Рома и славеше реми на Јуве против Лацио. Сите мислеа дека е готово ама не и Дибала кој му донесе триумф на Јувентус во 93’ минута и ги стиши Неаполитанците.
На 14. февруари годинава 19-годишниот Николас Круз со автоматска пушка уби 14 ученици и 3 наставници во школо на Флорида. Бројот на жртвите можел да биде многу поголем ако не бил 15-годишниот Ентони Боргес.
Еден од подобрите француски напаѓачи на денешницата, Бафетимби Гомис има прилично необјаснив случај - каде и оди дава голови, но кога менува средина паѓа во несвест. Лекарите велат дека ова е единствен ваков случај за професионален фудбалер.
Неделава беше ѕивра ладно не само кај нас, туку во цела Европа, што придонесе до одложување на фудбалски натпревари онаму каде снегот паѓаше без усул. Има еден меч кој се двои по температурата, а таму во тој град лани гостуваше Вардар.
Ајде навивачи на Вардар малку помош. Колку и кои вардарови легенди ги има на легендарнава свадбарска фотка? Ако има повеќе од двајца, пишете ги во коментари со она од „лево на десно клечат и стојат“. Тие двајца кои ги познавме на прва се Кочо Димитровски и Драган Мутибариќ.
Колку треба да имаш среќа во конкуренција на 22.000 деца да победиш на натпревар кој ќе ти обезбеди договор со трикраниот европски првак и тоа токму во најубавите времиња кога играа Ето, Пандев, Милито, Снајдер, Занети.
Бешикташ и Фенербахче играа во неделата првенствен дуел кој заврши 3-1 за домаќинот, а синоќа одиграа 2-2 во турскиот Куп. На мечот имаше 9 жолти и три црвени картони. Кварежма покажа зошто важи за најбезобразниот фудбалер во турската лига а и пошироко. Нашиот Ељиф Елмас од клупата го гледаше целиот циркус.
Па пауза од 746 дена и вкупно 78 натпревари судиите во Шпанија го досудија првиот пенал над Барса во Ла Лига, на гостувањето против Лас Палмас кое заврши 1:1. Но никој не знае зошто.
Тимот на Арсен Венгер ќе нанижи уште една од многуте сезони без трофеј, на што се вади од кожа секој нивни навивач. Во неделата во финалето на Лига Куп: Арсенал - Манчестер Сити 0:3. Синоќа во Премиер лига: Арсенал - Манчестер Сити 0:3.
Има дриблери и дриблери. Овој спаѓа во овие вториве бидејќи им го испи мозокот на сите, а некои ги дриблаше и по два пати. И од публика да му се симнеа пет души, ќе ги поминеше и нив.
Кој го фатил времето на Сони Плејстејшн кецот знае за што зборуваме. Изборот секогаш паѓаше на кралот на игрите познат како Pro Evolution Soccer или фудбалчето кое на вакви студени денови се играше секој ден со брат ти, братучед ти или другар ти.
„Да не беше војската, денес немаше да бидам упорен, настојчив и отпорен на стрес“, вели најбогатиот Кинез Ванг Цијанлин којшто пред неколку дена ги купи Нико Гаитан и Јаник-Фереира Караско од Атлетико Мадрид каде имаше акции.
Ако се прашувавте што прави и каде е поранешниот соиграч на Панчев и Најдоски од Црвена Звезда, ич да не го мислите. Ужива во фудбалскиот кинески рај како осми најплатен тренер во светот.
Ти ги мислиш аматери, а тие навежбани како никој. Видеото е старо, ама врвно и тешко се повторува. Го изведоа Германци од четврта лига кои направија измама невидена до сега во прва лига. Нема да шутира тој што мислите.
Уругваецот Паоло Монтеро кој играше за Јувентус е најисклучуваниот фудбалер во историјата на Серија А. На табелата ги има уште и Тоти, Амброзини и Бергоми, а го нема Матераци.
Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски игра во одлична форма а доказ за тоа е вториот меч на кој дава два гола за неговиот АЕК Ларнака. Вториот гол со кој ги постави конечните 7-0 во Купот на Кипар беше ремек дело.
Неапол виде снег после неколку години, а голем број бездомници и болни деца во овој град биле изненадени кога најомилениот фудбалер на Наполи дошол да ги посети.
Екипата на Милан го совлада Лацио во полуфиналето од италијанскиот Куп на пенали, а решавачкиот удар од белата точка го изведе човекот на кој срцето му велеше едно, а должноста друго.
Фудбалерите на Јувентус го добија со 1:0 и реванш полуфиналниот дуел од Купот на Италија против Аталанта, но за влакно ќе останеа во финалето без Џиџи Буфон, кој се обиде да брани на начин на кој не сме навикнати да го гледаме.
УЕФА се искина од правење кампањи против расизмот во фудбалот со години наназад, ама некои при очи уште се прават слепи. Бразилецот Јури кој игра за Зорја од Украина приреди атракција со ножички, а потоа имитираше мајмун. По мечот се вадел дека тоа било одговор до гостинските навивачи кои први го испровоцирале со расистички извици.
Џенаро Гатузо е вечна инспирација за новинарите кои секогаш можат да изнудат некои нови одговори и анегдоти кои ги кажува на свој посебен начин. Интервјуто е направено пред да стане тренер на Милан и сигурно открива работи кои не сте ги знаеле за него.