Фудбал

Џерард дебитираше против Шкупи со победа и атрактивен потег

Дуелот од првото квалификациско коло во Лига Европа меѓу Шкупи и Глазгов Ренџерс беше прв официјален настап на Џерард како тренер. Легендата на Ливерпул оствари водство од 2:0 пред реваншот во Скопје на 17-ти јули, ама како уште да му се игра фудбал.

Моментот кога Англија безобразно сакаше да даде гол

Додека Хрватите го славеа голот на Манџукиќ во второто продолжение од полуфиналето, Англичаните сакаа „на кварно“ да им вратат со брзо изведување од центар. Но судијата ги спречи во согласност со правилата.

Ех, животе, Никола Калиниќ

И така, додека светот ги слави хрватските момци кои вложија надчовечки напори да влезат во финале, еден фудбалер што допатува со нив во Русија (ќе простите на речникот), ама сега си гризе од газот.

Драго Ќосиќ прегоре од возбуда за финалето на Хрватска

„Ние сме 13-та земја која успеа да се избори за финале на СП, втора најмала во историјата. Х како храбра, Р како радничка, В како ватрена, А како амбициозна, Т како тврдоглава, С како стабилна, К како карактерна и А како атрактивна“, рече легендарниот коментатор во финишот.

Темпераментот му е средно име, го свиреа, ама одигра топ

Класичната непромисленост која е така карактеристична за некои фудбалери, е само една од карактерните црти на стоперот на Хрватска кој се носеше со голем притисок пред 78.000 гледачи на „Лужники“ и на крајот излезе како победник.

Херојот на Хрватска го носи родниот град на копачките

По неверојатниот пласман во финале на Светско, камерите го снимија Марио Манџукиќ како од трибините бара знаме, но не обично знаме, туку со натпис на неговиот роден град.

Билјана ги искина Англичаните

Со слоганот „Тhe football is coming home“ до толку зајдоа во Англија што земаа и авиони да летаат и тоа испишувајќи ја на небо таа нивна пуста желба за која ќе почекаат нови четири години. Додека на Фејсбукот на Дејли Мејл се коментираше на една друга тема која за среќа заврши добро, наше девојче ги спушти на земја Англичаните, ама многу јако.

Фотографот кој случајно стана дел од прославата на Хрватите

Во вториот екстра тајм од полуфиналето на Светското, Марио Манџукиќ постигна прекрасен гол а толпата хрватски играчи во еуфоричната прослава се израдува и со еден турнат фотограф кој лежеше на земја и славеше со нив.

Што успеа да сликне фоторепортерот кого Манџукиќ го легна на земја

Ако некој човек кој вчера беше на должност најсилно го почувствува славјето на Хрватите кога Марио го даде голот вреден финале, тоа е Јури Кортез. Фоторепортерот беше дел од тушот на играчите, ама успеа да направи фотографии од лудилото кои ќе му останат ексклузивни. Го ничкосаа на земја, ама после го бацуваа.

Прославата на Хрватите во хотел

Овие снимки од Русија, Хрватите ќе ги премотуваат со години и години, бидејќи се историски за нивниот прв историскиот пласман во едно финале на Светско првенство. Џабе беа споредбите дека Англија е земја со 55, а Хрватска со 4 милиони жители кога се виде кој игра подобро фудбал. Селекторот Златко Далиќ одново ни ја пренесува атмосферата од славјето, овој пат со гитарист на маса.

Хрватска јуначки во историско финале на Светско!

Англија 28 години чекаше полуфинале на Мундијал, Трипиер во 5’ минута од слободен удар ги доближи до финале, но Хрватска маестрално се врати и заслужено во продолженија го нокаутираше „Гордиот Албион“.

Прогнозата на Беневенто Балкан Фанс за Хрватска

Оваа Фејсбук група да не постоеше ќе требаше да ја измислиме. Таман ќе се зачиташ за да им ја сконташ поентата на некој статус и ќе те натераат за стомак да се држиш од смеење. Па најјаки се.

Pray for Frosinone

Клубот со едно вековна традиција во трета и четврта лига, шест години стаж во Серија Б и само една во Серија А (следнава сезона ќе им биде втора), за малку ќе го имаше најдобриот фудбалер на светот во свои раце. Тие преговараа, а Јуве им го лапна пред очи и тоа скришно во Грција.

Се пишува фудбалска интелигенција, се чита Лука Модриќ

По мечот Хрватска - Русија, WhoScored за играч на мечот го прослаги Модриќ и тоа со извонредна оценка 9.19. Ја поткрепуваат со статистиката: една асистенција, четири клучни додавања, осум успешни дриблинзи, четири изнудени прекршоци и 102 додавања. Sвер e со топката.

Во Германија Светското го коментира жена и не ја сакаат баш многу

Клаудија е единствената жена во друштво на машки колеги на Мундијалот во Русија. Мажите тешко можат да се привикнат на тоа оазата да им ја нарушува „некој кој помалку знае за фудбал од нив“, но Нојман добила поддршка.

Монтажерот кој го однесе Роналдо во Шкендија

Седмицата на Роналдо веќе се штампа на големо во Торино, а кај нас па има до толку талентирани деца за Фотошоп што некој неук за фудбал може да клизне на фоткава.

Цикузантскиот автогол од последниот дуел меѓу Хрватска и Англија

Иако имаа силен тим предводен од Тери, Фердинанд, Лампард, Џерард, Руни, Англичаните не успеаа да се пласираат на ЕП 2008. Беа во квалификациската група Е, каде беше и Македонија и ги загубија и двата меча од Хрватска која се квалификуваше заедно со Русија. На Максимир беа поразени 2:0, а вториот гол ни крив ни должен му го запишаа на Гери Невил. За греота. Па уште и Борат гледаше во позадина

Последните четири фудбалски години на Канте

Дечкото со најмногу скратени топки, најголем посед на топка и најголем процент на прецизни додавања на вчерашното полуфинале се вика Н`Голо Канте. Не е тој од оние играчи кои се гледаат на огледало пред натпревар, се тегнат по трева и се расправаат со судијата. Тој е тивок, смирен и мисли само на фудбал.

Како Рома му посака добредојде на Роналдо во Италија

Најоткачениот твитерџија во Серија А работи за Рома. Знае да одлепи, многу добро да се зеза, ама и да провоцира. 

Фасцинантно видео на Реал посветено на Роналдо

Од човек кој се вика Кристијано Роналдо и во 9 сезони за клубот дава 450 голови и освојува вкупно 15 трофеи од кои 4 во ЛШ, тешко е да склопи видео за благодарам во минута, две или три. Кралскиот клуб го испрати Роналдо на кралски начин со страшно јака компилација на голови и пехари во раце која трае скоро 7 минути и се гледа во еден здив.

Колку само штосно додавање на Мбапе

Да не беше Жиру дрво (425 одиграни минути без шут во рамки на гол на цело Светско), ова ќе беше асистенција над асистенциите на Мбапе. Малиот изведе ептен интелигентно додавање и без да гледа му ја даде на тацна.

Трето мундијалско финале за Франција

Го носеше епитетот финале пред финалето, на терен имаше плејада на ѕвезди кои играат во врвни клубови, а на крај падна само еден гол и тоа од страна на дефанзивец. Самуел Умтити од Барселона им ги сруши соништата на Белгијците кои не стигнаа до своето прво финале во историјата. Имаа јалова иницијатива без шанси, а Куртоа ги спаси од поголем пораз

За малку ќе станел наставник по физичко, викале мал е за фудбал, а сега игра полуфинале

Дека упорноста секогаш се исплати се уверуваме преку фудбалскиот пат на Дрис Мертенс, 169-сантиметри ’високиот’ белгиски крилен напаѓач кој е дефиниција за „лажна деветка“.

Како Германија ја рушела атмосферата во Парагвај за време на Светско

Контроверзното судење во корист на домаќинот Јужна Кореја, а на штета на Италија и лошата фризура на Роналдо се она за што на големо се дискутираше на СП 2002, ама има работи во позадина кои тешко се дознаваат, а ги раскажува една голманска легенда со 62 гола во кариерата.