Рој Прентис е долгогодишен навивач на Нотс Каунти и веројатно еден од најстарите поддржувачки на клубот од англиската Лига 2. Човекот е пензиониран инженер кој има 94 години со деменција дијагностицирана пред 11 години.
Во длабоката старост проследена со болест, тој е врзан со количка, но има еден животен сон, а тоа е да шутне само еден пенал на стадионот каде одел со децении.
Клубот му го оствари сонот, го организираше и го сними неговото гостување, а Рој успеа да го погоди голот од втора мајка.
„Со оглед на неговата болест, Рој ќе го заборави овој гол, но затоа ние имаме видео кое може да му го покажеме и кое сигурно ќе му ја враќа насмевката.
Пеналот на Рој дојде да го види и неговиот 65 годишен син и тоа специјално од Шпанија каде живее и работи.
„Да се види моментот како татко ми постигнува гол на стадионот на Нотс Каунти е нешто брилијантно“, рече син му Џеф.
Емотивниот пенал на Рој го видоа во живо и неговите внуци и пријатели.
💫 | Here's the moment 94-year-old Roy, who's living with dementia, fulfilled a lifelong dream by scoring a penalty in front of the @AirITLtd Kop on Saturday!#DEMENTIAisAteamGAME pic.twitter.com/XCJe1gyKOL
— Notts County FC (@Official_NCFC) October 1, 2018
Какви стории произлегуваат од фудбалот, а ние уште не можеме еден стадион да наполниме со карти од 100 денари.