На вчерашната прес-конференција во Лас Вегас во однос на тужбата на една девојка од САД која сериозно го обвинува Кристијано Роналдо за силување, се појавиле двајца адвокати на Кетрин Мајорга (девојката која тврди дека Португалецот ја силувал) - Лариса Дрохобицер и Лесли Марк Стовал.
Адвокатите рекле дека Кетрин не дава интервјуа и нема да се појавува во јавност поради тешката психичка состојба во која западнала. Таа се наоѓа во САД. Лесли Марк Стовал и Лариса зборувале за клучните тези кои може да влијаат на развојот на процесот:
- Адвокатите велат дека договорот меѓу Мајорга и правниците на Роналдо од 2009 година веќе не е на сила затоа што Кетрин уште не излегла се опоравила од психичкото растројство.
Според Дрохобицер кога девојката се обратила во нивната адвокатска канцеларија (во 2018-та), била емотивно нестабилна и исплашена.
Мајорга им раскажала на адвокатите дека после ноќта со Роналдо таа преживеала депресија, пиела алкохол и размислувала на самоубиство. Дијагнозата „пострауматско растројство“ на Мајорга и ја поставиле на почетокот на годинава. Таа сега наводно одела на терапија.
****
Тужбата против Роналдо состои неколку обвиненија: клевета, повреда на личноста, физички напад, нанесување емотивно растројство, насилство, поткуп, кршење на договорот, злоупотреба.
Од фудбалерот адвокатите бараат надомест на нанесена психичка и морална штета во размер од 200.000 долари. Му дале и 20 дена право на одговор (веројатно веќе се поминати неколку дена).
Одбраната на Мајорга соопштила дека планира следната недела јавно да објави документи кои потврдуваат дека Роналдо им признал на своите адвокати дека дејствувал против волјата на Мајорга. Дел од овие документи адвокатите ги добиле од новинари.
Адвокатите кажале и зошто Мајорга се решила да раскаже за случката баш сега. Одговорот им бил: Кетрин се инспирирала за таков чекор на бранот на #MeToo (хаштаг под кој жените откриваат историја на сексуални насилства).
Адвокатката на Мајорга рекла и дека нејзината клиентка добила 375.000 долари од адвокатскиот тим на Кристијано Роналдо за да „замолчи“ за случајот во 2009 година. Според адвокатката, тие го искористиле моментот на психичка слабост на нејзината штитеничка.
Кристијано Роналдо, пак, вчера објави ново соопштение во кое одново категорично ги одбива сите обвинувања:
„Силувањето е одвратен престап кој му противречи на сето она во што јас верувам. Затоа што силно сакам да ги исчистам своето име, одбивам да учествувам во спектаклот кој го направија медиумите. Луѓето кои го измислија ова сакаат да профитираат од моето име. Со чиста совест и полно спокојство ги очекувам резултатите од истрагата“, рекол Ронало кој во јавувањето во живо на Инстаграм подоцна рекол и дека „некои сакаат да направат име врз неговото и дека тоа е дел од неговата работа, така што е мирен“.