На крајот од август капитенот на Тотенхем Уго Лорис го задржале во полициска станица во Лондон за возење во пијана состојба.
Капитенот на француската репрезентација и Тотенхем Хотспур бил во своето „Порше Панамера“, возел ризично и неправилно (полицијата утврдила дека се движел со 15 км/час таму каде мора најмалку 30 км/час).
Концентрацијата на алкохол во организмот на голманот била 80 микрограми на 100 милилитри (меѓу 1,6 и 1,8 промили алкохол).
Лорис го казниле 50.000 фунти и му ја одзеле возачката на 20 месеци.
„Сакам да се извинам на семејството, на клубот, на соиграчите, на тренерот и на сите навивачи. Возење пијан е недозволиво. Сносам целосна одговорност за постапката. Не сакам да бидам пример на такво однесување“, рекол Лорис на прес-конференција за настанот.
****
Норвешкиот новинар Матиас Скарпас му дава нова димензија на случајот и смета дека капитенот на Тотенхем лесно поминал. За да го докаже тоа Матиас и самиот се напил количински колку и Лорис.
„Без разлика на високата концентрација на алкохол во крвта, Лорис го казниле пола неделна плата и го лишиле од возачко право на 20 месеци. Тренерот се занимаваше со други работи, Лорис остана капитен на екипата а навивачите ги интересираше само дали тој ќе брани против Ливерпул. А дечкото исповраќал по целата кола во која седел. Ова е многу провоцирачки: човекот направи нешто многу опасно, луѓе гинат од такви нешта. Затоа решивме да ви покажаме колку пијан бил Лорис“, го објаснува Скарпас изборот на тема.
Норвешкиот новинар се наоружал со неколку шишиња вино и со алкотестер. Целта му била да се напие колку и Лорис.
Стадиум 1
Матиас испил шише вино за 15 минути. После 20 минути дувнал во тестерот кој покажал 0,62 промили алкохол - ниво со кое е дозволено да се управува со кола во Велика Британија.
Норвежанецот направил и дополнителен тест: да оди по тротоар и да жонглира со топка. Со првиот стадиум лесно се справил но кажал дека не би седнал во кола:
„Се чувствувам нелагодно. Страв ми е да возам во ваква состојба“, вели Матиас Скарпас.
Стадиум 2
Новинарот испил уште пола флаша црвено вино. Тестерот тогаш веќе „се уозбилил“ и покажал 1,58%. Расположението на Матиас тогаш видливо се сменило а техниката жонглирање топка му се подобрила:
Стадиум 3
Матиас веќе испил 2 шишиња вино:
„Се чуствувам пијан. Ќе пробам да опишам: не чувствувам дека се контролирам себеси. Но ќе испијам и трето шише вино за да го достигнам нивото на Хуго Лорис.“
После три испиени шишиња вино Матиас веќе не можел ништо да прави нит со топка ни на тротоар. Новинарот се обратил за мислење кај норвешки правник кој му рекол дека во Норвешка Лорис би го стрпале во затвор и би го лишиле од возачка дозвола на неколку години.
„Разликата меѓу мене и тебе, Хуго Лорис, е во тоа што ти си трет најдобар голман на светот, а јас сум обичен човек. Токму затоа јас и никогаш не седнувам пијан да возам“, му се обраќа Матиас на францускиот голман кој стана светски шампион летово.
Самиот Лорис го правдал своето однесување со тоа што наведената вечер му доставале вино во ресторан а потоа не можел да најде такси па затоа седнал да вози.
„Кога си пијан носиш неубави одлуки“, рекол Лорис преку својот адвокат.