Вечерва актуелниот европски првак Баерн Минхен и англиски Челси станаа уште два патници во четвртфиналето на Лига на шампиони откако и во реванш дуелите ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид.
Многу спорна одлука се случи на реванш мечот меѓу Челси и Атлетико Мадрид од 1/8 финале на ЛШ. На првиот дуел Челси славеше 0-1 на неутрален терен во Букурешт, а на реваншот во Лондон Атлетико уште во 27' минута можеше да добие пенал и евентуално да ја надомести негативата.
Во францускиот Куп, ПСЖ со 3-0 го сомле лидерот во француската Лига 1, Лил. Икарди ги отвори гостите со гол во 9' минута, а Мбапе даде два гола. Еден во 41' од пенал и еден после луд трк во 90+3' минута.
100 милиони евра го платија и се води како второ најскапо засилување на Реал после Бејл кој ги чинеше 1 милион повеќе. 400.000 фунти неделно му е плата, а го пречекаа 50.000 навивачи. Но на контото на Азар оваа и минатата сезона до сега има вкупно 25 настапи и 3 гола. Глава не крена од повреди.
Само Здравко Мамиќ држи прес конференции од 2 часа, како што го направи тоа синоќа во Мостар, ама што е многу многу е. Извадивме само едно парче од 2 минути и пар поенти од шоуто. Не бе, неповторлив лик е. Сам си кажа колку пари до сега дал за судии.
Некогашниот лидер и права легенда на Манчестер Јунајтед има занимливо хоби. Карантинските денови ги проаѓа во цртање за син му Ејден кој пати од аутизам.
Целото име му е Андре Филипе Алвес Монтеиро, а скратено го викаат Укра. Игра за португалски прволигаш Санта Клара, а претходно бил член на ЦСКА Софија. Има и еден повик за репрезентација на пријателска. Ова чисто да го запознаете пред да му ја видите роденденската забава за која како да ви кажеме.
Додека се игра осминафинале на УЕФА Лига на шампиони, да видиме како тоа изгледа во земјата на фудбалот. На улица со пехар, со медали, со озвучување, со деца на терен со играчите, со химната, со сè.
Додека синоќа во центарот на вниманието беа двете четвртфинални двојки од ЛШ, во Серија Б се случи лудорија на која коментаторот урлаше: Ова е апсурден и лудачки гол без никаков сенс, не постојат други зборови. Будалетинката е Микеле Кастањети од Кремонезе.
Не беше баш коректна судиската одлука на главниот арбитар на крај на прво спрема Аталанта. Кога на семафорот стоеше 44:59, а гостите правеа акција од која можеше да падне и гол, тој реши да им ја прекрати. И коментаторите реагираа. Секогаш во вакви ситуации се остава да одат во напад.
Манчестер Сити и Реал Мадрид ги оправдаа фаворитските улоги и со нови победи на убедлив начин стигнаа до четвртфинале. За одбележување се евроголот на Де Брујн и слободниот удар на Аталанта која им ја криеше топката на Кралевите со помош на сопствен жив ѕид.
По триумфот во Германија од 0:2, Манчестер Сити уште во 12 минута ја потсети Борусија Менхенгладбах дека нема што бара ниту на реваншот. Пораката ја испрати преку еден од најдобрите поединци, Кевин Де Брујн, а голманот прашање е дали воопшто го виде проектилов.
Овој што интервенира без акал се вика Озер Оздемир од Денизлиспор, а кутриов со број 13 е Жуниор Мораис од Газиантеп. Значи турска прва лига. Добро што стана на нозе после ваква кунг фу интервенција за која е малку и црвен картон. Ќе го убиеше бе слепец.
Англискиот првак е во криза, евидентна играчка криза, а голем проблем плус е што позади пет месеци се без Вирџил Ван Дајк, единствениот дефанзивец во светот прогласен за играч на годината според УЕФА. Оперираше колено во октомври, најзаебаната повреда за фудбалер.
Кога читаш вести за фудбал од кај нас и од една Германија, сфаќаш дека тоа се две различни галаксии. Во Македонија навивачи собраа 50.000 евра за да го одржат на апарати нашиот најтрофеен клуб, а таму толку чини пари за казна. Каква? Ептен банална.
Капитен, легенда, симбол на Ливерпул. Фудбалот го имаше во мал прст. Немаше натпревар а да не подели некоја топка „на тацна“. Да имаше подобри соиграчи какви што има денешниот Ливерпул, ќе беше крал на асистенции.
Пред неколку месеци раскажавме за капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо кој на секој гостински меч излегува на теренот со уникатна капитенска лента околу рамето.
Доживях и аз да снимам прекратен мач, напиша снимателот на ова видео, кое е доказ дека нема бегање од селската фудбалска традиција на Балканов позната како „Ќе јадеш ќотек ако свириш против домаќинот“. Ако ви значи нешто дуелот е ОФК Костинброд - Торнадо Безден.
Барса синоќа со 4-1 ја прецрта Уеска. Лео Меси го израмни неверојатниот рекорд на Чави со 767 настапи за Барселона и му фали уште еден за апсолутен рекорд. Аргентинецот даде 2 гола од кои едниот беше фантастичен. Исто луд гол даде и Антоан Гризман.
Петта лига на Србија, дуел меѓу ФК Долина од Падина и Спартак Дебељача (би ги частеле гајба пиво за имево). Домаќините победиле 4:1, а Марко Јованов го постигнал најубавиот гол на мечот. Сув лист каков што не се наоѓа често ни во Топ5 лигите во Европа.
Ние пак за Горан. А што да правиме кога немаме друг фудбалер со толку славен багаж во кариерата. Ако случајно заборавил, само ќе го потсетиме дека на денешен ден пред точно една деценија го постигна еден од најважните и најславните голови ви кариерата.