По триумфот во Германија од 0:2, Манчестер Сити уште во 12 минута ја потсети Борусија Менхенгладбах дека нема што бара ниту на реваншот. Пораката ја испрати преку еден од најдобрите поединци, Кевин Де Брујн, а голманот прашање е дали воопшто го виде проектилов.