Здравко Мамиќ се соочува со затворска казна од шест и пол години, а неговиот брат Зоран четири години и осум месеци. Тоа е правосилна пресуда за браќата виновни за малверзации со пари во Динамо Загреб.
Но Здравко се изјасни дека нема намера да ја одлежи казната во Хрватска, туку ако мора тоа нека биде во Босна. Ден по пресудата одржа долга 2 часовна прес конференција од која ќе издвоиме неколку работи.
Претседателот на Врховен суд на Хрватска го опиша отворено со четири збора, а впрочем и си призна дека се обидел да го подмити со кеш.
„Треба да им кажеме доста на луѓе кои се викаат Ѓуро Сеса, претседател на Врховен суд на Хрватска. Не постои институција во која тој не е претседател. Слушате Европа? Човек клептоман, криминалец, преварант, злосторник, човек кој одлучува за правото во една држава. Сега ќе кажете дека ова е повторно некое шоу на Мамиќ, некоја клевета. Не, туку јас ја зборувам вистината. Ви реков еднаш и пак ќе ви кажам дека им стојам на располагање на институциите во Хрватска да докажам дека Ѓуро Сеса е криминалец и дека јас му суд му носев пари во канцеларија за да менува веќе донесени пресуди и да влијае во судски постапки кои се во тек“.
Мамиќ всушност поткупувал два вида на судии, а кажа и колку пари до сега фрлил на фудбалските.
„Кога јас и Зоран бевме на чело на пирамидата, тоа донесе милијарда евра во клубот. А, што направи мојата држава? Ни пресуди. Загрозени се работните места и опстанокот на Динамо. Клубот може нема да постои за три месеци. Исто така, морав да давам мито на судии од Осиек. Тие беа најмалку 10-15 пати мои гости во свечената ложа. Еден судија доби часовник вреден 20.000 евра, а на судии потрошив скоро 500.000 евра“.
Откри и момент додека бил водач на навивачите на Динамо.
„Годинава славам јубилеј од 50 години работа во Динамо. Дојдов во 1971 година и секогаш бев на позиција и секогаш давав сè за клубот. Така го водев навивањето од источната трибина во костум. Се сеќавам дека по натпреварот со Осиек бев безмилосно претепан од командантот на полициското обезбедување, бев облеан во крв“,
А за матните трансфери на Модриќ и Ловрен ги обвини дека дел од зделките се и самите двајца фудбалери.
„Не украдовме ниту едно евро. Модриќ и Ловрен добија на своите сметки големи суми за кои ме обвинуваат. Модриќ и денес има милиони евра на таа сметка, која ја подели со мене како инвеститор. Ако бараат да ги вратат парите, тогаш мора да ги вратат и Ловрен и Модриќ“.
Мамиќ изјави дека си поднел оставка и дека повеќе не е советник во Динамо Загреб, а сега изјавата за судијата на Врховен во негов стил.