Аталанта го изненади Реал со штосен слободен удар, ама не и со пресврт

Манчестер Сити и Реал Мадрид ги оправдаа фаворитските улоги и со нови победи на убедлив начин стигнаа до четвртфинале. За одбележување се евроголот на Де Брујн и слободниот удар на Аталанта која им ја криеше топката на Кралевите со помош на сопствен жив ѕид.

РЕАЛ МАДРИД - АТАЛАНТА 3:1 (прв меч 1:0)

1:0 (Бензема 34`)

2:0 (Рамос 60` од пенал)

2:1 (Муриел 83`)

3:1 (Асенсио 85`)

МАНЧЕСТЕР СИТИ - БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ 2:0 (прв меч 2:0)

1:0 (Де Брујн 12`)

2:0 (Гундоган 18`)