На нет се врти една мошне интересна колоризирана фотографија, веројатно од средината на '80-те години од минатиот век. На неа е човекот синоним за богатство и газдинство.
Дербито на Лангедок (историски регион на јужниот брег од Франција) меѓу Ним и Монпеље е голем настан за жителите на овие два града кои имаат децениски ривалитет.
Е вакви видеа сакаме, да не кренат понеделнички на дождов. Супер е он и со покретите и со рефлексите и со брзината, особено на старт кога цупка како на играорна. Плус овој што коментира во позадина изврсно се лепи на видеото. Клипов е фантазија.
Сергеј Сидорчук од Динамо Киев е дефинитивно стрелецот на најјакиот гол на сезоната во Украина. Падна на гостувањето против Зорја Луганск. Спектакл за гледање.
Дербито Бока Јуниорс - Ривер Плејт заврши 1:1 и сите зборуваат за шансата на гостите во 90-та минута кога готово беше да биде 1:2 со автогол. Но во еден момент се гледа како топката добива чудно ефе и излегува од гол.
Францускиот шампион ПСЖ синоќа изгуби дома 1-2 од Нант и тоа беше седми пораз сезонава за Парижаните. Мечот остана во сенка на насилните грабежи во домовите на Анхел Ди Марија и стоперот Маркињос. Најблиските на Аргентинецот биле држени во заложништво, па спортскиот директор Леонардо му пренел на тренерот Почетино итно да го извади Ди Марија од игра.
Една чудна голманска одбрана на словачкиот голман Франтишек Плах го спаси голот на неговиот Пјаст Гливице против Лех Познан во 21. коло од полската Екстракласа. А коментаториве на глас се смееа.
Шампионот Јувентус глатко води 0-3 против Каљари на гости. Португалецот постигна три гола во рок од 22 минути од кои еден од пенал. Ама куртули и да не добие чист црвен картон за старт за кој секој друг играч би бил исклучен.
На градското дерби Арсенал - Тотенхем гостите први поведоа со 0-1 и тоа со неверојатниот гол на Аргентинецот Ерик Ламела. Рабона каква што многу ретко се гледа. Арсенал до полувреме израмни преку Мартин Едегард. Ламела во вториот дел за само 7 минути доби два жолти картони и беше исклучен, а „топџиите“ победија 2-1.
Со секој постигнал гол на Горан Пандев му се восхитуваат на долговечноста на терен и формата и тој повторно е топ тема и во весници и на социјални мрежи. Селски фудбал кога ќе пише нешто, врие Фејсбукот. Ќе фали следна сезона на терен.
Борусија Дортмунд ја совлада Херта со 2:0, а резултатот го отвори Јулијан Бранд со убав удар кој наликуваше на сув лист, иако не сме на чисто дека ова е неодбранливо. Па во него ја шутна, а Рун Џарстаин има 36 години, што е непроценливо искуство за голман. Погледне како пацерски реагираше.
Беше повреден минатото коло и не беше во комбинација за мечот против Рома. Се врати и за само 8 минути ја затресе мрежата на Удинезе за гол број 5 сезонава и вкупно 98 во Серија А. Само уште два до јубилејот.
Капитенот на фудбалската репрезентација, човекот кој ни ја овозможи најголемата фудбалска радост да ја гледаме Македонија на едно големо натпреварување, вели дека веќе отприлика знае што ќе прави по крајот на богатата кариера.
За опстанокот на ФК Вардар очигледно е дека се борат само Комити и сè друго за сега излезе дека е фарса. Самсоненко се перчеше дека го направил најмодерниот тренинг центар на Балканот, а сега не им дава да тренираат. Каков апсурд.
Некои имиња и некои времиња не се повторуваат, а едно од нив е ова екипиште на Реал Мадрид, првак на Европа 2002-ра, па првак на Шпанија 2003-та со Галактикос. На денешен ден пред точно 18 години играа против Милан во групна фаза од ЛШ.
Најголема зафрканција во еврокуповите неделава беше урликот кој Ерлинг Халанд му го упатил на голманот на Севиља Јасин Буно после реализираниот пенал. Има цел мит и преданија за него во Латинска Америка.
На мечот меѓу Боавишта и Гоиас во Купот на Бразил кој заврши 3-1, судијата Денис да Силва Рибеиро реши да не оди до тоалет туку да го обележи центарот на теренот, комотно пред камери, пред играчи, помошнички, делегати, коментатори.
2008 и 2012: Европски прваци. 2016: Олимписки прваци. 2019 и 2021: Светски прваци. Џабе кога односот им беше потценувачки уште пред да се појават. Слетаа во 16:30, на три и пол часа пред натпревар, демек не ни треба ни одмор ни тренинг против Македонија.
Стиви Џерард треба гласно да му каже благодарам на својот голман Алан Мегрегор за тоа што Глазгов Ренџерс не загуби на гостувањето против Славија Прага во ЛЕ. Кога ќе видите како ја зграпчи топката ќе сфатите зошто. Светски добра одбрана и тоа на 39 години.
Опчинети од чудесната партија на македонската ракометна репрезентација против светскиот првак, ќе заборавевме дека во исто време се игра топ 16 во Лига Европа. Адеми и Ристовски беа стартери за Динамо во Лондон каде загубија 2:0 од Тотенхем, а голчиштето на колото падна во Атина.
Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, кој Манчестер Јунајтед го плати 87 милиони евра, вечерва против Милан во Лига Европа промаши неверојатен зицер. После и неговиот соиграч Џејмс се посрамоти па Милан израмни на 1-1 во 90+2' минута.
Да, вечерашното нивно соочување во Лига Европа ни ги враќа спомените кога се сретнаа во Лига на шампиони, а реално таму и повеќе ги личи. Колку силна и неизвесна битка беше тоа во која Ферги немаше лек за големиот Милан кој потоа го крена пехарот.
Барнсли врза серија од неколку триумфи и сериозно се вмеша во борбата за место во плејофот за пласман во Премиер лига. Против Бирмингем во предминатото коло победија 1:0 а мечот може да се опише со фразата „3 бода се 3 бода каква и да е играта“.