Што значи таинствениот крик „кирикочо“ кој Халанд му го викнал на голманот на Севиља

Најголема зафрканција во еврокуповите неделава беше урликот кој Ерлинг Халанд му го упатил на голманот на Севиља Јасин Буно после реализираниот пенал. Има цел мит и преданија за него во Латинска Америка.

Норвежанецот Ерлинг Халанд игра неверојатна сезона и со 10 гола е прв стрелец во Лига на шампиони.

На реваншот Борусија Дортмунд - Севиља, домаќините добија пенал во 54' минута при резултат 1-0. Топката ја зема токму Халанд но голманот Буно му го одбрани пеналот и плус му одбрани нов силен шут по одбиената топка на пар метри од голот.

Но судијата Орсати од Италија процени дека голманот на Севиља излегол пред гол линијата па го повтори пеналот кој Халанд пак едвај го реализираше и му свика на голманот: „Кирикочо“!

Во интервју после мечот, шпицот на Дортмунд објаснил:

„Не знам што беше тоа што му викнав, знам само дека го повторив зборот кој тој ми го викна откако не го реализирав првиот пенал. Ако не ги нарушеше правилата ќе дадев гол уште од првиот удар. Можно е карма да постои“, вели Халанд.

ШТО ЗНАЧИ „КИРИКОЧО“?

Овој необичен термин на Твитер детално го објасни колумбискиот новинар Хуан Перез.

Имено во '80-те години познатиот аргентински тренер Карлос Билардо го водел Естудијантес. За овој аргентински клуб навивал еден верен навивач кој буквално спиел на стадионот и го викале Кирикочо.

Но од некој момент почнале да веруваат дека тој и носи малер на екипата. Кога доаѓал да ги гледа отворените тренинзи, во тимот постојано се повредувал некој играч. Билардо бил толку суеверен што смислил решение: ќе го користи името на својот навивач во своја полза.

Билардо го праќал Кирикочо со „својата лоша карма“ да го пречека автобусот на секој противник кој доаѓа во Ла Плата. Кирикочо секогаш ги гледал натпреварите на Естудијантес и не се знае точно дали помогал или не но клубот еднаш станал шампион под водство на Билардо. Во сезоната 1981/1982 екипата претрпела три порази по ред кога Кирикочо не бил на трибината.

„Кога станавме шампиони таа година, сфативме дека тој е наша амајлија. Он беше многу добар човек, ама скоро го снема и веќе никогаш не го видов.

После кога се вратив во Естудијантес во 2003-та година, прашував за него, но никој не знаеше ништо за Кирикочо.

Сакате верувајте сакате не, но кога во Шпанија ја тренирав Севиља, некој помина позади мене и прошепоти: „Кирикочо, Кирикочо“ кога нашиот противник доби пенал.

Не можев да поверувам кога Чоло Симеоне ми кажа раскажа дека он неколку пати го кажувал тоа име, па останатите го научиле од него. Во сред Европа! Можеби е само привид, ама кога викате Кирикочо они грешат!“, раскажал еднаш одличниот стручњак Билардо.

Со тек на времето урликот „Кирикочо“ се раширил по сите шпанско јазични говорни подрачја. Често го викаат кога се шутира пенал, слободен или кога играч ќе излезе еден на еден со голман. 

Поранешниот репрезентативец на Шпанија Жоан Капдевиља еднаш изјавил дека му свикал „Кирикочо“ на Арјен Робен пред фамозната историска шанса на Холанѓанецот во финалето на Светско првенство 2010 кога излезе сам пред Икер Касиљас но не успеа да го совлада.

Во земјите од Латинска Америка овој термин е општо-прифатен како кај нас кога викаме „утни“. Често гледачите викаат „Кирикочо“ во екраните додека гледаат фудбал или кога играат карти и фрлаат коцка за јамб. 

Плус:

Џорџо Кјелини во финале на Евро 2020 против Англија на „Вембли“ пред последниот пенал викнал „кирикочо!“