Кам бек на мајстор Горан Пандев со гол

Беше повреден минатото коло и не беше во комбинација за мечот против Рома. Се врати и за само 8 минути ја затресе мрежата на Удинезе за гол број 5 сезонава и вкупно 98 во Серија А. Само уште два до јубилејот.

Откако одигра јако полувреме на тв интервју, Горан Пандев изгази и во шеснесетникот на Удинезе и набрзина и донесе водство на Џенова од 1:0.

Капитенот на Македонија мајсторски во свој стил прими топка свртен со грб према голот и инстантно ја реши ситуацијата со погодок.

И покрај годините, Пандев од време на време добива шанса во прв тим и максимално ја користи, а вечерва го постигна петтиот гол сезонава во Серија А, после оние два против Наполи кој го реши минатиот месец.

Горан Пандев одигра 70 минути по што беше заменет, а Илија Несторвски го почна мечот од клупа. 

Моментот на приемот на топката беше прегледуван и на ВАР поради наводно играње со рака.

Пандев периодов е актуелен и со тоа што ги отвори картите на тема ФФМ и репрезентација.

13 март 2021 - 22:03