И покрај тоа што оваа приказна е оддалечена 15.000 км од кај нас, во неа има македонштина всадена од порано која зрачи и ден денес. „Нашето наследство е чисто македонско и нашата култура е македонска“, вели првиот човек на клубот.
Во понеделникот вечер Германскиот фудбалски сојуз (DFB) објави: На Евро2020 репрезентацијата на Германија ќе ја води селекторот Јоаким Лев и нема никакви промени. Ова е дополнителен удар на интересот на германската јавност за бундестимот.
Фудбалскиот свет некако со посебна страст се изразува и со денови го испраќа Диего Армандо Марадона. А пак за неговата страст да не зборуваме. Цел живот го живееше така, не само фудбалот. Погледне со колкава жар и емоции пее песна за себе и колку моќна кулминација има во рефренот. Морници.
Во неделата вечер Манчестер Јунајтед губеше со 2-0 но на крајот благодарение на неверојатниот Единсон Кавани успеа да направи целосен пресврт и да слави со 2-3. Ама Уругваецот сега е на удар на англиската јавност и го чека казна.
Доаѓа во сиромашниот Југ и среќава скромна екипа со ограничени можности. Во конкуренција на моќните и богати Интер, Милан и Јувентус на Наполи му носи две скудета и ја добива титулата крал на Неапол.
Снимката е од 2005-та. Диего има 45 години, а Лео 18. Во другиот пар е Карлос Тевез со уште еден. Нема потреба да ви кажуваме кој е главен и како ќе заврши. Абе и со газ им ја враќаше.
Во 6. коло од Трета македонска фудбалска лига, капитенот на ФК Љуботен, најстариот клуб во земјава, Дејан Савески го постигна најубавиот гол на сезоната против ФК Зајас на гости.
Арсенал изгуби дома 1-2 од Вулверхемптон и продолжи серијата слаби резултати под водство на Микел Артета. Фрустриран беше и стоперот Роб Холдинг кој по еден дуел со гигантот и најголем билдер меѓу фудбалерите Адама Траоре изнервиран се издра на цел глас.
Еден поинаков автогол од сите други ни доаѓа од Словенија, каде играчот со број 4 во вода му го фрли трудот на голманот и уште поточно, му ја поништи одбраната од пенал.
Во меч на два поранешни клуба на Марадона во аргентинскиот лига Куп (од 25 ноември Куп Диего Армандо Марадона), Бока со 2-0 го победи Њуелс. Едвин Кардона ги постигна двата гола кои играчите му ги посветија на Диего пред ќерка му.
Милан не памети ваков старт во Серија А изминативе години. Ја совладаа Фиорентина без Ибра и сега имаат скор од 7 победи и 2 нерешени. Тоа се +5 од Интер и Сасуоло и +6 од Јуве, Наполи и Рома. Кеси му направи изненадување на Пиоли со кој створија хемија.
Во Неапол и вечерва сè е во знакот на Марадона. Против Ријека Елмас и другарите играа со 10-ка на грбот, а вечерва против Рома се појавија со дресови во аргентинска верзија. Лоренцо ја опали домаќински од слободен удар и потоа се знае. Наполи во 65-та поведе со 2:0, а Елиф е на клупа.
Во првиот меч кој Меси го заигра по смртта на Диего (Лео не патуваше претходно во Киев против Динамо во ЛШ), капитенот на Барса едвај чекаше да ја затресе противничката мрежа. Успеа во 73' минута за 4-0 со еврогол и го соблече дресот под кој носеше дрес од Њуелс Олд Бојс со број 10.
Во фудбалската лига на Малта, на мечот меѓу Марса и Сент Ендрјус после 1 час игра, домаќинот добива пенал при резултат 2-0. И тргнува изведувачот да зголеми на 3-0, ама се случува нешто интересно.
Некогашниот македонски репрезентативец Душан Савиќ кој играше за неколку овдешни клубови, сега настапува за ФК Дубочица од Лесковац. На мечот против Раднички Пирот во втората српска лига Савиќ постигнал хет-трик а еден од головите му бил поклон од гостинскиот голман Растко Шуљагиќ.
Карло Анчелоти и Диего Марадона никогаш не играа заедно, туку беа противници како играчи на Наполи и Милан на почеток на 90-те. Но стратегот на Евертон делуваше скршено додека му оддаваше почит пред мечот со Лидс, како да го испраќа најдобриот другар.
Важи за класична голгерска 9-ка која не простува и владее во опасната зона за шут, ама чекајте да видите како се однесува кога ќе го остават сам на 20 метри. Џабе си ги испржи прстите голманот на Штутгарт.
Диего два пати во животот бил во Белград. Првиот во 1982 кога во дресот на Барселона постигна епски гол и 90.000 луѓе на Маракана му аплаудираа стоечки. Втор пат бил во 2005-та кога со режисерот Емир Кустурица снимале сцени за документарниот филм. Во таа прилика бил со Дуле Савиќ на еден сплав каде ги забавувале трубачи.
Селекторот на Македонија Игор Ангеловски седнува на интервју за австралиско радио, а од таму му прават изненадување. Во кадар се појавува Андон Дончевски, човекот кој ги удри темелите на македонската репрезентација. Три и кусур минути го фалеше.
Нема промени за македонската фудбалска репрезентација на најновото рангирање според ФИФА, за што многу не се потресовме со оглед на тоа што годинава остваривме епски успех за паметење.
Наполи синоќа ја совлада Ријека 2:0 во Лига Европа, а домаќините на достоен начин и оддадоа почит на легендата. Мечот мина без навивачи кои може само да замислиме што чудо од кореографија ќе направеа доколку не беше короната.
Изморен од бурниот живот, исцрпен од последната операција на мозокот, Диего Марадона излегува на улица придружуван од четворица луѓе од кои едниот му носи столче. Го снима комшика од прозор, а на видеото се гледа дека едвај се движи кутриот.
Арсенал дури во вториот дел го скрши отпорот на норвешки Молде, славеше со 0:3 и се пласираше во нокаут фазата на Лига Европа. Ама сè ќе беше поинаку ако домашниот стопер Шериф Синјан во 15' минута не промашеше чист зицер. Притоа се опна кај што најмногу боли.