И покрај новинарските патки дека Барселона се гребела до последен момент да изнајде правен лек за да го задржи својот најголем играч во клупската историја, Меси од денес веќе е член на ПСЖ.
Заедно со адвокатите и со татко му Хорхе кој му е менаџер, 34-годишниот Лионел преговарал со ПСЖ уште од четвртокот кога веќе беше јасно дека новиот договор со Барса доживеал колапс поради финансиската состојба на Каталонците.
Лео претходно начелно прифатил 5-годишен договор со Барса вреден 20 милиони евра по сезона. На прес-конференцијата во неделата, Аргентинецот во солзи раскажа дека се смрзнал кога му кажале дека нема теоретски шанси да се потпише нов договор поради правилникот на Ла Лига за „плафон“ за платите на играчите.
Меси во ПСЖ ќе го комплетира страшниот „дрим тим“ во кој пред него дојдоа голманот на Милан Џанлуиџи Донарума, Серхио Рамос од Реал Мадрид, Жоржињо Вајналдум од Ливерпул и Ашраф Хакими од Интер.
„Он е најдобар играч на светот. Превозбуден сум и среќен од помислата дека ќе играме во ист тим“, изјавил Донарума за Скај Италија во понеделникот.
Во ПСЖ за сега остануваат и суперѕвездите Нејмар, Мбапе, Верати и Ди Марија.