Kараско што направи, Трета светска отвори во Ротердам
Во генералка пред почеток на новата сезона, Феенорд и Атлетико Мадрид одиграа пријателска пред полн стадион во Ротердам. Холанѓаните славеа 2-1 со гол во 90+3’ минута, а Атлетико од 42’ минута играше со играч помалку поради црвениот на Јаник Караско кој за малку ќе отвореше војна по тепачката со Тајрел Маласија па Симеоне го прибра назад.