Фудбал

Крајниот север на Германија одамна не славел вака, FC Bayern raus

Европскиот првак и германски шампион Баерн Минхен синоќа сензационално изгуби од второлигашот Холштајн Кил на пенали откако мечот претходно заврши 2-2.

Кил е во транс, невиден кикс на Баерн 19 години

Името на оваа екипа сигурно ви е асоцијација за ракомет, спорт во кој два дена пред нова година станаа европски прваци. Синоќа во фудбал го елиминираа Баерн Минхен на кој последен пат му се случило да испадне во второ коло од Купот на Германија во сезоната 2000/2001.

Левицата на Марадона против Фиорентина

Диего за Наполи даде 115 погодоци, а еден од поубавите му беше против Фиорентина во сезоната 1984/1985. Голот (втор на видеото) бил единствен на мечот во Фиренца и победнички за Наполитанците.

10 најсмешни киксови во Бундеслигата

Не е дека кардинални грешки има само по фудбалските ливади во нашиов регион. Кој игра и греши. Така и во најдобрата германска фудбалска лига има смешни киксови. Фали само уште музиката од Бени Хил во позадина за циркузот да биде поголем.

Големото срце на Гатузо кој прави повредни нешта од освојување трофеи

Остави белег во јавноста како пргав играч кој често влегуваше во кавги, а еднаш се случи противничкиот тренер да го фати за гуша. Темпераментен е и како тренер, но Рино мора да го знаете пред сè како човек.

Лука го изеде срамот а?

Не дека Бенфика синоќа имаше проблеми на Куп натпреварот на гости против третолигаш кој го доби со 0:4, ама сепак ова се дава со заврзани очи. Плус Лука Валдшмид е репрезентативец на Германија.

Види го ти мангуп романскиот голман на Милан

Го знаете ли вие Чиприан Татарушану кој Милан го купи сезонава од Лион за 500.000 евра? Замена му е на Донарума и ретко е меѓу стативите, а синоќа против Торино во Куп беше лабав по една корна со една рака.

Погба кога фаќа волеј нема промаш

Манчестер Јунајтед со евроголот на Погба го победи Барнли 0-1 на „Тафт Мур“ и со три бода го прескокна Ливерпул на првото место на табелата во Премиер лига пред големото нивно дерби во недела од 17:30 на „Енфилд“.

Луд пенал од голманот на Торино

Милан е првиот четвртфиналист во Купот на Италија откако вечерва на пенали 5:4 го совлада Торино. После 120 минути фудбал резултатот беше 0:0, па се прејде на пенали. Погодија сите освен Ринкон на кого Татарушану му го одбрани шутот. А погледнете го пеналот на Вања Милинковиќ-Савиќ, брат му на Сергеј од Лацио. Од бес ја искина мрежата.

Мурињо со една реченица го закопа Озил

Го прашуваат Жозе што мисли за изјавата на Озил дека попрво би отишол во пензија отколку да потпише за Тотенхем, по што следуваше класична Мурињо реплика со плескање во фаца. Озил сам не знае кај тера, со Мурињо ќе сади краставици.

Македонија на ЕП ќе патува со Игор Ангеловски

По неизвесноста која почна на крајот на претходната и продолжи на стартот на оваа година, човекот кој ја испиша историјата со македонската фудбалска репрезентација конечно добил понуда да ја води и на Европско.

Роберт Просинечки – лажњак лево, ударац десно

Сите најважни топки во легендарната Црвена Звезда во Купот на шампиони во 91-ва минуваа од стапалата на Просинечки. Пушеше по 2-3 кутии на ден, ама трчаше по 12-13 километри на натпревар.

Ценовникот за шиткање утакмици во Југославија

Ги имаме сумите за опстанок, излез во Европа и за шампион, а ќе ви ги каже најадекватната личност за таа тема. Чисто за помладите, една марка беше околу 30 денари.

Како Хаџи го изремети Роберто Карлос

Да го направиш мајмум еден од најдобрите и најбрзи бекови во светот е привилегија, а тоа му успеа на легендарниот Георге Хаџи кога пред 20 години се сретнаа во финалето на Купот на Европа. Го доби Галатасарај 2:1 со гол во 103-та минута.

Комшо дај Фиатот од '90-та до тренинг, само тој тера по снег

Сите фудбалери на Атлетико Мадрид поседуваат модерни џипови кои клубот им ги обезбедил. Ама ни тоа не помогнало во јаките снегови кои го зафатија Мадрид, па белгиската ѕвезда Фереира Караско прифатил совет од комшијата.

Синот на првиот црномурен војник во Австрија кој стана легенда на Баерн

На 24 јуни 1992-ра во Виена, градот на легендарните композитори Бетовен и Брамс, град каде класичната музика е речиси религија, е роден Давид Алаба.

Циркуз на Гатузо и Инѕаги со зарипнати гласови

Според ова видео може да се утврди кој вика по играчите најмногу од клупа. Слушнете ги гласовите на тренерите на Наполи и Лацио после гостувањата против Удинезе и Парма. Гатузо направи шоу во негов стил, а Инѕаги едвај кажа два збора.

Нов договор за најстариот фудбалер на светот

Неуништивиот Јапонец Казујоши Мијура е тема на денот во светот на фудбалот, откако на 53-години потпишал нов договор со Јокохама и уште ќе игра во најдобрата јапонска Џеј-лига.

Бејл му даде жолт на Деле Али за глума

Забавно беше синоќа на клупата на Тотенхем, особено кога Деле Али направи колут назад, а потоа стана и ја додаде ко ништо да не било.

Милан се потсеќа на дебито на Бекам, сезоната кога Пато им беше стрелец број 1

Се поздравија со Роналдо, ама го донесоа Роналдињо, а на полусезона ја ангажираа најпопуларната десница на светот со која Серија А доби на уште поголема популарност. Тоа беше сезона која навивачите ја паметат како крај на една ера со Карло Анчелоти.

Шпанија блокирана од снег, фудбалери туркаа коли, одложено дерби во Мадрид

Олујниот бран Филомена донесе рекордно ниски температури и огромни количини снег во Шпанија, земја која 50-ина години не видела така сурова зима.

Лидс и Алиоски испаднаа од четвртолигаш за кој заигра ријалити ѕвезда

Третата рунда на англискиот ФА Куп донесе многу интересни моменти. Хит беше мечот меѓу Марин ФК и Тотенхем, а најголема сензација направи четвртолигашот Кроули кој ги потепа Лидс и Биелса со 3:0.

Забавата во ФА Купот, Мурињо држел говор во ресторан за свадби, Клоп шпионирал

Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.