Фудбал

Пандев: „После Европското, 99% одам во пензија“

Капитенот на фудбалската репрезентација, човекот кој ни ја овозможи најголемата фудбалска радост да ја гледаме Македонија на едно големо натпреварување, вели дека веќе отприлика знае што ќе прави по крајот на богатата кариера.

Како е можно на фудбалерите на Вардар да им се забрани да тренираат на тренинг кампот на Вардар?

За опстанокот на ФК Вардар очигледно е дека се борат само Комити и сè друго за сега излезе дека е фарса. Самсоненко се перчеше дека го направил најмодерниот тренинг центар на Балканот, а сега не им дава да тренираат. Каков апсурд.

Реал vs Милан, кралски одиграно

Некои имиња и некои времиња не се повторуваат, а едно од нив е ова екипиште на Реал Мадрид, првак на Европа 2002-ра, па првак на Шпанија 2003-та со Галактикос. На денешен ден пред точно 18 години играа против Милан во групна фаза од ЛШ.

Што значи таинствениот крик „кирикочо“ кој Халанд му го викнал на голманот на Севиља

Најголема зафрканција во еврокуповите неделава беше урликот кој Ерлинг Халанд му го упатил на голманот на Севиља Јасин Буно после реализираниот пенал. Има цел мит и преданија за него во Латинска Америка.

Судија во Бразил се олесни на сред терен

На мечот меѓу Боавишта и Гоиас во Купот на Бразил кој заврши 3-1, судијата Денис да Силва Рибеиро реши да не оди до тоалет туку да го обележи центарот на теренот, комотно пред камери, пред играчи, помошнички, делегати, коментатори.

Играта на Данска против Македонија во едно видео

2008 и 2012: Европски прваци. 2016: Олимписки прваци. 2019 и 2021: Светски прваци. Џабе кога односот им беше потценувачки уште пред да се појават. Слетаа во 16:30, на три и пол часа пред натпревар, демек не ни треба ни одмор ни тренинг против Македонија.

А ја видовте ли интервенцијата на голманот на Ренџерс?

Стиви Џерард треба гласно да му каже благодарам на својот голман Алан Мегрегор за тоа што Глазгов Ренџерс не загуби на гостувањето против Славија Прага во ЛЕ. Кога ќе видите како ја зграпчи топката ќе сфатите зошто. Светски добра одбрана и тоа на 39 години.

Евроголот на вечерта во ЛЕ е дело на Мартин Одегард

Опчинети од чудесната партија на македонската ракометна репрезентација против светскиот првак, ќе заборавевме дека во исто време се игра топ 16 во Лига Европа. Адеми и Ристовски беа стартери за Динамо во Лондон каде загубија 2:0 од Тотенхем, а голчиштето на колото падна во Атина.

Мегваер и Џејмс со невозможни утки на годината, Милан казни во 90+2'

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, кој Манчестер Јунајтед го плати 87 милиони евра, вечерва против Милан во Лига Европа промаши неверојатен зицер. После и неговиот соиграч Џејмс се посрамоти па Милан израмни на 1-1 во 90+2' минута.

Јакиот полуфинален двобој меѓу Милан и Манчестер кој заврши 5:3

Да, вечерашното нивно соочување во Лига Европа ни ги враќа спомените кога се сретнаа во Лига на шампиони, а реално таму и повеќе ги личи. Колку силна и неизвесна битка беше тоа во која Ферги немаше лек за големиот Милан кој потоа го крена пехарот.

Дефиниција за фудбалскиот термин „на дур“

Барнсли врза серија од неколку триумфи и сериозно се вмеша во борбата за место во плејофот за пласман во Премиер лига. Против Бирмингем во предминатото коло победија 1:0 а мечот може да се опише со фразата „3 бода се 3 бода каква и да е играта“.

Епски расказ на Дрогба за силата на волјата - како освоил Лига на шампиони

Ретко кој не го памети финалето на Лига на шампиони во 2012 година. Дури и ако не сте навивале за Челси или за Баерн, такви натпревари се врежуваат во сеќавање толку силно што дури после 10 години може да се сетите кој дал гол, кој не погодил пенал и кој беше јунак на мечот.

Касапинот Пепе демонстрираше како глумел Мората

Реваншот Јувентус - Порто (3:2) донесе еден куп интересни моменти. Еден од нив беше оној кога по прекршок над шпанскиот центарфор, стоперот на Порто Пепе му покажуваше на судијата како Алваро глумел.

Не е пирова победа, туку?

Знаат да погодат штос дечкиве од Спортлајф нема збор, секогаш актуелни на темата.

Милито влезе во Куќата на славните на Интер и го испофали Пандев

Какво екипиште имаше Интер во таа сезона 2009/2010. Мелеа нераѕурите на 3 форнта и освоија 3 вредни пехари за прва триплета во историјата. Меѓу сите тие ѕверки беше и Диего Милито кој со 2 гола во финале на ЛШ му донесе титула на Интер.

Во студио на ЕСПН врз гостин падна тежок елемент

За време на една емисија на ESPN, FC Radio Colombia во која се дискутирало за Лига на шампиони, врз стручниот коментатор Карлос Ордуз се срушил еден цврст држечки елемент кој го сплескал на бирото. За среќа Ордуз поминал неповреден и набрзо твитнал дека е добро и дека сè е во ред.

Верникот кој чита Библија и се моли пред секој меч стана јунак на ПСЖ

Репрезентативниот голман на Костарика има мошне интересно минато. Има 34 години и веќе неколку сезони брани на највисоко ниво, прво за Реал Мадрид, па за ПСЖ. Синоќа по петти пат во кариера Меси му шутираше пенал и првпат му одбрани.

Мрме: Сѐ што кажа Пандев за мене e вистина

„Македонската јавност може сега да види под каков притисок ги водев двата клучни натпревари во баражот против Косово и Грузија“.

Вечер на неверојатен гол и промашен пенал на Меси

Пари Сен Жермен и Барселона одиграа 1-1 во реваншот од 1/8 финале на Лига на шампиони па францускиот шампион отиде во следна рунда со вкупен резулта 5:2.

Од камерата која го снимаше само Мурињо на клупа

Скока, вика, советува, мирува, сè ќе видиме од него, а најјак беше кога го гаѓаше со хартивчиња еден од колегите во четврто одделение. И потоа го вади тоа осмехот.

Чудната навика на Пеле со голманите

Бразилецот кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер на сите времиња, имал една не баш нормална навика, на голманите да им ја избива топката со нога од раце кога веќе ја фатиле и се апсолутни владетели во својот простор. На времето некои судии го санкционирале ова, некои не.

Какви реформи сакаат да направат богатите и зошто тоа ги гневи навивачите

Навивачите на Борусија Дортмунд кои пред глобалната пандемија до последен сантиметар го полнеа нивниот стадион, синоќа го искористија мечот против Севиља во Лига на шампиони да пратат порака за реформите кои се планираат во европскиот фудбал.

Пандев: Сејдини сакаше да го смени Ангеловски пред мечевите со Косово и Грузија

„Се кроеше долго време политика околу репрезентацијата и селекторот. Претседателот и некои луѓе сакаа да ја нарушат атмосферата повеќе од две години, но не успеаја и имам впечаток дека не се среќни што се пласиравме на ЕП“.

Го имаме ли најјакиот дриблинг во историјата?

Дечки отворете четири очи и за момент паузирајте од трепкање. Па нема бољи бре од ова. Рикаме на глас цела редакција.