Фудбал

Најдоброто на Иниеста од 2020-та во една минута

Ништо не му значат тие 36 години бидејќи дечкото за фудбал користи мозок. Во неговите игри владеат интелигенција и елеганција. Едноставно Андрес е уметник со топката и на Јапонците треба да им е чест и привилегија што го имаат во залезот на кариерата.

Дончиќ му создаде вртоглавица на Адебајо

Само три асистенции му фалеа на Лука за да ја стартува годината во трип дабл. Словенецот го заврши мечот со 25 поени и 15 скокови за триумф на Далас над Мајами од 93:83. Потегот на вечерта го направи во дуел со Бам Адебајо кој не знаеше што го снајде.

Само весело момци, 2020-та е за вас

За оваа година нема правење топ листа на успеси во македонскиот спорт. Таа мина во знакот на само еден за кој се погрижија јунаците кои докажаа дека и во фудбалот можеме и заслужуваме да се најдеме на европската мапа. Со срце и од срце ја исполнија мисијата.

Лабаво на зимски распуст кај Златан

Ова го има само кај него во двор и во Русија, толку.

Ретко некој вака да го избезуми Марсело

Реал синоќа одигра само 1:1 на гости против Елче, а покрај резултатот еден од домаќините си направи и личен ќеиф на душа што успеа да го насамари еден од најславните бекови.

Голот број 1 кој ја одбележа 2020-та во Македонија

Го чекавме, сонувавме, мечтаевме 27 години и ете го дојде тоа пусто Европско кое мислевме дека ќе биде недостижно уште долго. Благодариме Горан, Елиф, Нестор и до сите кои се вратија херојски од Тбилиси. Па нема послатка акција од оваа годинава.

Играте како кловнови, епа ќе ви правиме циркус

Во француската Лига 1 има 20 клуба. Нант после 17 кола е 16-ти со учинок 3-6-8 и ако остане вака ќе се борат за опстанок. Навивачите протестираат и бараат оставка од управата која пред недела дена го назначи за тренер, замислете, астрологот Рајмон Доменек кој се враќа во француски клупски фудбал после 27 години.

На коментаториве на Милан да не им ставаат нешто во пијачка

Лудиот Тициано Крудели, она италијанско чиче со бркчиња што сигурно некогаш сте го слушале како урла на голови на Милан, сега како да има замена. Се вика Мауро Зума, работи како контент советник на Милан ТВ каде одвреме-навреме коментира.

Прејак еврогол во бразилска Серија Б

Во 32. коло од бразилската Серија Б, Хувентуде победи 2-1 против Понте Прета. Првиот гол за домаќинот, од стрелецот Рожерио слободно може да се одбере за најспектакуларен на сезоната.

Неумесна новинарка и твит на Лидс кренаа прашина

Во последниот меч од 2020-та година Лидс Јунајтед не остави камен на камен од Вест Бром на Сем Алардајс и ги прегази со 0-5. Нашиот репрезентативец Алиоски постигна супер гол.

Место во топка, волеј по глава

Саутемптон и Вест Хем одиграа без голови, па момент од мечот за кој најмногу се зборува на социјалните мрежи е страшниот удар кој стоперот Крег Доусон му го зададе на Че Адамс.

Кога Ди Канио со еден потег го отпиша голманот

Некој можеби подзаборавил кога Паоло Ди Канио во 96-та направи трансфер од Милан во Селтик. Речиси да нема клуб за кој нема постигнато посебен гол по кој паѓа во транс и тој и коментаторот и навивачите. Со интелигенција до понижување на голманот.

Топ 10 голови на полусезоната во мак фудбалот

Дигиталниот магазин за домашен фудбал „Footbla Digital“ ги собра на едно место најјаките голчишта од полусезоната во првата македонска лига. Компилацијата е доста богата и атрактивна, па така на пример Клисман Чаке се истакна како Кварезма, а Нијаз Лена се претвори во Жунињо.

Изненадување од ФФМ за Тони Стојановски

Емотивниот говор на коментаторот на МТВ за успехот кој изгледаше недостижен за македонската фудбалска репрезентација од сега нема да остане овековечен само со тон и слика. ФФМ му најде почесно место и реши да го испише во својот објект. Каква изненадување и чест за Тони.

Што се случува на релација ФФМ - селектор?

Најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со пласман на Евро 2020, некако го расипуваат шпекулациите околу новиот договор на човекот кој ја однесе Македонија на прв континентален собир.

Голчиште на Алиоски против ВБА

Лидс Јунајтед го прегази Вест Бром со 0-5, а македонскиот репрезентативец го постигна вториот гол за гостите, негов втор во сезоната по оној против Њукасл.

Фудбалер од Боливија вдоми куче кое влета на терен

Пишувавме за симпатичното куче кое на 3-4 минути прекина меч од првата лига Апертура во Боливија. Сега тоа куче скитник си пронајде дом и нов пријател.

Гвардиола дал 150.000 евра за ремонт на бродот кој спасува мигранти на отворено море

Трофејниот стратег важи за еден од најелегнанто дотерани тренери во Европа, а на мечот со Њукасл на Боксинг Деј носеше блузон на Open Arms и ја заинтригира јавноста.

Единствен меч кога Марадона и Рикелме заиграа заедно

„Марадона со десетката, Марадона ја носи десетката, ама он е број еден, он е капитен на Бока“ (“Maradona con la diez, el capitan de Boca.”), вели коментаторот пред единствениот меч на кој Диего не беше права "10-ка" на теренот во дресот на Бока.

Ти на мене снимка од мобилен, јас на тебе црвен картон

Во меч од 15. коло од турската Супер лига, Бешикташ со 3-0 го совлада Сиваспор и ја продолжи трката за самиот врв со Галатасарај. Гостите на полувремето останаа без Хакан Арслан кој се правеше паметен па на судијата му покажуваше снимки од мобилен телефон за спорни ситуации.

На снег со бела топка, браво

Гленторан vs Линфилд, Боксинг деј 1995-та. Ај да си играме со невидлива топка, пошто портокалова не понесовме. Ајде.

Преглед на СП 1970 со Таско

Јака историска снимка од архивите на МРТВ, стара 50 години со Атанас Костовски кој тука има 32 години. Дава осврт на Мундијалот од Мексико кога Пеле стигна до третиот златен пехар, а прв стрелец е Герд Милер со 10 гола.

Списокот со премии за пласманот на Македонија на ЕП

Фудбалската федерација на Македонија доби рекордна премија во историјата на македонскиот спорт, а следствено на тоа заслужено се офајдија момците кои ја испишаа новата фудбалска историја за која чекавме три децении.