Мајсторија на Ибра од слободен удар со 101 км на час

Милан и Наполи се најтврд орев во првите два месеци од Серија А и со идентичен скор од 10 победи и едно реми ги делат првите две места. Росонерите ја добија Рома со 1:2, а резултатот во првиот дел го отвори неуморниот Златан Ибрахимовиќ кој не старее. Кеси во второ полувреме зголеми од пенал, а Ел Шарави намали во судиско.

Со овој погодок, безвременскиот Златан стигна до два јубилеји. 150 голови во Серија А и вкупно 400 лигашки. Првиот го постигна на 30 октомври 1999-та.

1 ноември 2021 - 07:40