
Судијата на овој меч ја прекина играта и ги викна лекарите на терен. Во тоа време Кун Агуеро веќе лежеше на тревникот, лекарите интервенираа, а судијата дури бараше и возилото на Брза помош да влезе на терен.
После пар минути Аргентинецот стана на нозе и полека излезе од терен самостојно. Наместо него влезе Филипе Кутињо.
Од Барселона изјавија дека Агуеро бил изваден од игра од предострожност, а дека со него се е во ред. Во соблекувална Агуеро го прегледале докторите и го однеле во болница на кардиолошки испитувања. Шпанските медиуми пренесоа дека Кун имал такихардија.
Откако се испоставило дека резултатите не се баш добри, во понеделникот Барса соопшти дека Агуеро ќе биде отсутен на неопределено време.
„Играчот на Барса Кун Агуеро темелно е прегледан и спроведен е терапевтски процес под водство на доктор Хозеп Бругада. Серхио не може да игра, а ефективноста на лекувањето ќе биде проценета во следните три месеци, што би бил попрецизен тајминг на опоравок на напаѓачот“, рекле од клубот.
ШТО КОНКРЕТНО Е ТАХИКАРДИЈА И ДАЛИ Е ОПАСНА?
Тахикардија е тип на аритмија со чести срцеви отчукувања, повеќе од 100 отчукувања во минута. Во нормална состојба треба да има од 60-90 отчукувања.
За такихардија има две причини - физиолошка и патолошка. Во првиот случај таа се развива при физичко или емотивно трошење кај здрави луѓе. Организмот на тој начин се обидува да им даде повеќе кислород на внатрешните органи кога постои таква потреба. Кај необучените, физички неактивни луѓе, пулсот се забрзува и при мала физичка активност.
Патолошка такихардија се развива како болест на кардиоваскуларни или други телесни системи. Ако не се открие на време, може да доведе до влошување на работата на срцето и да предизвика срцева слабост. Кај спортистите кај кои настапила изненадна смрт, една од причините за тоа е вентрикуларна, срцева тахикардија. Таа захтева итна медицинска помош (дефибрилација на срцето) зошто може да биде фатална. Но разликата меѓу изненадна смрт од срцев напад и тахикардија е огромна и тоа се апсулотно разни клинички ситуации.
Агуеро најверојатно имал само напад на тахикардија (или пароксизам на тахикардија). Симптомите се мошне впечатливи: палпитација (брзо биење на срцето), слабост, вртоглавица, дискомфорт во градниот кош, краток здив и конфузија.
ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ИГРА ПОСЛЕ ТАХИКАРДИЈА?
Тахикардијата може да биде симптом на сериозни заболувања: анемија, хиперфункција на тироидна жлезда, дебелеење, белодробни заболувања, вродени аномалии и многу други. Тахикардијата денес се лекува со лекови и со операција. Методот се бира во зависност од видот на тахикардија и заболувањето што довело до неа.
Минатата сезона имаше исто непријатна сцена. Голманот Гарисон Иносан кој е под договор со ПСЖ а брани како позајмен во Ница, паднал во бесознание во 86’ минута од мечот без никаков контакт со некој до него. 20-годишниот голман го изнеле на носилки и го пратиле во болница.
Иносан се вратил уште во возилото на Брза помош, а дијагнозата која му ја поставиле била - тахикардија.
Секој случај е индивидуален (испитувањето помага да се разбере причината за тахикардија), но Гарисон останал на клупа за резерви повеќе од еден месец по нападот. Тој поточно не се појавил на гол до крајот на сезоната. Сега игра сосема мирно како позајмен во четвртолигашот Ван. Бранел на 8 меча, на три не примил ниеден гол.
Така големи се шансите и Кун Агуеро да се врати нормално на теренот а клубот внимателно ќе го следи неговото здравје.
АГУЕРО ПАЗИ НА СЕБЕ, ДРЖЕЛ ИНДИВИДУАЛНА ДИЕТА, ПРИФАТИЛ ЛЕКУВАЊЕ СО МАТИЧНИ КЛЕТКИ
Пред една година во време на локдаун ширум светот, Агуеро раскажал дека имал проблеми со здравјето.
„Имаше натпревари кога ми паѓаше притисокот. Просто ми се слошуваше на терен а се почнуваше со лесна вртоглавица. Често ми објаснуваа дека пијам многу таблети, анти-инфламаторни и витамини. Во фудбалот има многу работи кои ти помагаат брзо да се опоравиш. Но јас секогаш сум ги земал тие таблетки, зошто мислам дека целата работа беше во килажата“, раскажал аргентинскиот шпиц.
Се испоставило дека храната на Кун слабо се варела. Тој разговарал со италијански нутриционист кој му го сменил погледот на светот на Аргентинецот. Докторот го советувал да јаде стек поретко, не повеќе од еднаш неделно. Така Агуеро се префрлил на пилешко со ориз.
Некогашниот зет на Диего Армандо Марадона вели дека не се плаши од експериментални начини на лекување и алтернативна медицина. Летово по преминот во Барса тој решил еднаш засекогаш да го залечи своето лево колено кое со години му прави проблеми. Затоа зборувал со шпанскиот доктор Роберт Солер кој специјализирал лекување со матични клетки.
Отстранетата ’рскавица во проблематичното колено ќе доведе до самозаздравување на болното место благодарение на матичните клетки од коскената срценива. Бројот на матични келии во проблематичната зона ќе се зголеми за милиони пати.
Ова е прилично нов правец во медицината, но Агуеро не се плаши. Тој не е пионер во оваа област: Рафа Надал, Карлес Пујол, Пау Гасол и Мартин Едегор прибегнале кон матичните келии во спортот уште одамна.