Јунајтед продолжи по системот топло-ладно со Солскјер на клупата, па откако Ливерпул им нанесе историски тежок пораз од 0:5 на „Олд Трафорд“, „црвените ѓаволи“ се вадеа на гости кај Тотенхем. Победија убедливо со 0:3 а триумфот го најави Роналдо со фантастичен гол по многу тежок шут и после со асистенција до Кавани.