Какво Ферари, какво Бугати, гледајте ѕвезда на Интер со што количе се појави на тренинг

Артуро Видал си купил Фиат Панда, култен италијански автомобил, како што е на пример Југо кај нас или 101. Веројатно ја платил со една дневница, али не се парите муабетот, туку ќеифот да пробаш нешто скроз поразлично од тоа што секако можеш да си дозволиш.

„Доаѓам да тренирам среќен, животот ми даде многу можности, но знам дека сум среќен со малите“, напиша Чилеанецот.

Па и не му е лоша идејата, со оглед на тоа што прави кога ќе се качи во Ферари.

1 ноември 2021 - 09:18