Фудбал

Сите 106 гола на Милан во 2020-та

По разни перипетии, Ралф Рањик не дојде во Милан. Во клубот останаа Малдини и тренерот Пиоли и росонерите одиграа тотално неверојатна 2020-та година. Доминираат во италијанскиот фудбал во новата сезона, а продолжија и рекорди од минатата.

Најубавиот гол во македонскиот женски фудбал во 2020

На средината од октомври, на мечот меѓу ЖФК Каменица Саса и Шкендија кој заврши 6:1, Ана Димитровска постигна еврогол, во стилот на Златан Ибрахимовиќ и заслужено овој погодок е прогласен за најубав во женскиот фудбал.

Легендарниот голман Чилаверт ќе се кандидира за претседател

Кога се зборува за фудбалери кои запливале во политика, први на ум паѓаат Каха Каладзе кој е градоначелник на Тбилиси а беше и пратеник, како и Џорџ Веа, претседател на Либија од 2018-та.

Шарко не лае на домашни на фудбалски меч

На мечот меѓу Стронгест и Насионал де Потоси (3:0) во фудбалското првенство на Боливија, 3-минутно шоу имаше едно куче кое се заигра со копачка пред да го извади од терен еден фудбалер на домаќините.

Со 1 потег 5 бека во аут

Астон Вила со 3-0 го уништи Кристал Палас и освои 3 златни бода во борбата за мирно продолжение на сезоната. Други даваа голови и промашуваа шанси, а капитенот Грилиш асистираше и беше главен играч на теренот.

Чудниот гол на Сака за кој се отвори дискусија

Во 15. коло од Премиер лигата, Арсенал ја прекина катастрофалната серија со голем триумф во градското дерби против Челси (3:1). Лаказет од пенал, Џака од слободен удар, а Букајо Сака после еден обид за центаршут иако тврди дека намерно го лобувал Менди.

Божиќниот гест на лудакот Гаскоњ со срце планина

Легендарниот англиски напаѓач е асоцијација за алкохол кој ако пола го истурaше во радијатор место во уста, ќе го расипеше радијаторот. Но Пол не е познат само како тежок пијандура, барем тоа го тврдат негови поранешни колеги.

Почина Максим Цигалко, јунакот на многу генерации

Од Белорусија стигна тажна вест, на 37-годишна возраст починал идолот на многу вљубеници во фудбалската видео игра Чемпионшип Менаџер.

Првиот гол на Дел Пјеро во ЛШ

Алекс тука има 20 години, ама уште тогаш почнал да го гради својот имиџ со велемајсторски лобови на кои голманите никогаш не најдоа одговор. Снимкава е од 95-та против Борусија Дортмунд на гости. Чуварот го сецна, а голманот го исчаши.

Чудесен потег на Перез на тренинг

Ајозе Перез од Лестер со еден од оние голови кои ги гледаш и се чудиш како му успеа. 

Како во Пакистан се прават скоро сите фудбалски топки во светот?

Во фабрики во Пакистан месечно се произведуваат околу 160.000 фудбалски топки со кои се игра ширум светот. Интересен начин на производство и многу необичен процес кој не е познат. Но жално е тоа што 1 топка во САД чини 100 долари колку што е месечната плата на овие работници и работнички.

Македонските фудбалери убаво се освежија со заслужени премии

Фудбалската федерација на Македонија одлучи фудбалерите и стручниот штаб кои обезбедија историски пласман на Европско првенство следното лето, да добијат рекордна премија, најголема во историјата на македонскиот спорт.

Што е со окото на Гатузо?

Се работи за болест која Рино ја има веќе 10 години и поради која престанал со играње фудбал. „На терен шест пати го гледав Ибрахимовиќ и шест пати Неста. Кога му влегов на Неста со клизачи, сфатив дека повеќе не треба да играм, бидејќи беше од моја“.

160 голмани на кои Меси им дал гол, ќе добијат уникатно шише пиво

Од еден куп рекорди, последниот остварен е можеби најневеројатен. Лионел Меси во вторникот го постигна својот 644. гол за Барселона и стана прв играч на светот со толку погодоци за само еден клуб. Претходно рекордот го држеше Пеле.

Танцот на Роналдо на мразот во Москва

Некои акции, продори и голови се типични само за него. Тоа го правеше со голема умешност, дрскост и брзина. Во април 98-ма теренот на Спартак беше нива неодмрзната која Феноменот ја изора на роналдовски начин.

Страшни „макази“ во Монпеље

Монпеље и Лил одиграа фантастичен меч со 5 гола. Гостите славеа 2-3 во 86' минута по голот на Бурак Јилмаз, ама она што претходно го направи Енди Делор во 70-та минута за 2-2 беше спектакл.

Киран Трипие драконски казнет зошто се кладел на негов трансфер во Атлетико

Англискиот бек одигра одлична сезона за Атлетико Мадрид, настапи на 19 натпревари и стана стандарден репрезентативец на Англија. Ама го стигна делото кое го направил претходно.

Снајперски удар на Идриса Геј

ПСЖ не се состои само од Нејмар и Мбапе. Погледнете како синоќа против Стразбур се истакна Сенегалецот од среден ред, Идриса Геј. Ја опали ниска, од оние најнезгодни удари за голманите.

Гоче кога ќе ја одигра во напад, одиграна е

Златни 3 бода за Џенова во битката за опстанок која победува само втор пат сезонава. Кам бекот на Балардини на клупа му се посреќи на гости против Специја која ја совладаа со пресврт 1:2. Пандев украде топка, тргна соло и му ја даде на тацна на Дестро за 1:1, а Кришито во второ ја реши од пенал.

Пипо и резервите ќе кркаат блачко на клупа

Удинезе сo ептен домаќински гест во пресрет на католички Божиќ. Вечерва го пречекуваат Беневенто и тоа со панетоне, италијански колач кој традиционално се дарува за големиот христијански празник. Ништо чудно кога ќе седнат и по едно еспресо да им донесат.

644 пати Меси

Неговиот подвиг е недостижен, барем во скоро време и за да успее некој да го повтори треба да дава во просек по 43 гола, ама 15 сезони по ред за еден ист клуб. Ете тоа е границата која ја постави овој чудесен фудбалер.

Алаба од Баерн правел и печел колачи за деца во домови

Католичкиот Божиќ е сè поблизу, а за стоперот на Баерн Минхен тоа е посебно време од годината кога најмногу им помага на ранливите категории.

Сусо се отвори и ја освои Местаља

Пред спортската среда, вечерва имаме фудбалско загревање во Шпанија каде во центарот на вниманието е Сусо. Севиља повлече брза контра, а поранешниот член на Милан го постигна голот на колото за 3 бода освоени на 10 минути до крај.

Како охридски коментатор одлепува на хет-трик

Рандом видео од Охрид, ама не од оние кога знае да се погоди коментатор кој аут и гол ги доживува на ист начин. Гори го грлото царе, така треба, не се гледа секој ден хет-трик на Клечкаровски.