Многу фудбалери во разни држави знаат да речат дека е потешко да се игра во втора отколку во прва лига. Сезонава сигурно тоа ќе стане популарна фраза и во Серија Б, особено ако на распоред ти се паѓа Парма.
Не им тргна нај нај сезонава и на табела се 13-ти. Но разликата со лидерот Пиза не е драматична и изнесува 8 бода. Млекарите имаат 3 победи, 4 нерешени и 3 порази, а синоќа ја совладаа Читадела со 1:2.
Јунак на мечот, Џиџи Буфон кој брани како пантер, без разлика на годините кои за него претставуваат само бројка. Домаќините изведоа два пенали, но Џиџи првиот им го фати мајсторски, а за малку му избега и вториот.
Погледнете ја извонредната парада прво од игра, а потоа и пеналот. Уште е полн со страст за фудбал и по интервенцијата се сврте за да урла накај публика.
Хајлајтс од мечот
Славјето со навивачите
А го видовте ли царот како се претстави кога го направи кам бекот во Парма летово?