Менхенгладбах потсети на пријателството со Ливерпул на мангупски начин
Борусија Менхегладбах има право да се опушти на Твитер после еден таков потоп над моќниот Баерн, кој не му се случил преку 40 години. Навивачка група им е збратимена со онаа на Ливерпул, пријателство кое датира уште од 70-те. Податок кој бундеслигашот знаеше одлично како да го искористи. Имаа тазе мастраф и им текна како да го искористат.