
Што е уште поинтересно Рајо Ваљекано до пред неколку месеци беше второлигаш. Ја завршија сезоната во Сегунда на 6. место, последно кое водеше во плејофот за Ла Лига.
А таму, во баражот играа на чист карактер против посилни ривали, па прво во полуфиналето го победија Легањес со вкупен резултат 5-1, а во финалето со Жирона и покрај тоа што играа со играч помалку успеаа да обезбедат пласман во богатата Примера. Вкупен резултат 2-3.
Во моментов Рајо Ваљекано е трета екипа од позади по вредноста на составот. Нивен најголем трансфер летово беше 35-годишниот ветеран Радамел Фалкао на кого предградието на Мадрид му легна ептен па се изнадава голови уште од стартот.
НАЈЗАСЛУЖЕН ЗА УСПЕХОТ Е 39-ГОДИШНИОТ АНДОНИ ИРАОЛА, БАСКИСКИОТ ЈИРГЕН КЛОП
Додека играше за Атлетик Билбао, овој Баскиец трчаше по Роналдињо, па по Нејмар, и секогаш одлично се справуваше со сите задачи. Тогашниот тренер на Атлетик, Хоакин Капарош го нарече Ираола омилен играч за секој тренер. Роналдињо еднаш признал дека Андони му бил најтежок играч што го чувал во кариерата.
Најголем квалитет на Ираола како играч беше мирот и ладнокрвноста. Тоа го поседува и сега како тренер.
„Во екипата има некои на кои омилени им се Пирло и Лампард, скоро сите го обожаваат Виља, но тие не се баш дружељубиви со младите играчи. Ама тука е Ираола кој од прв ден ме праша за тренерска професија. Сакаше да учи. После ми помагаше околу тренинзите. Дојде во САД не да заработи пари, туку просто да учи во мирни услови“, изјавиле днаш тренерот Џејсон Крејс кој работел со Ираола-играчот во Њујорк Сити во 2016.
После таа сезона Баскиецот ја завршил играчката кариера. Му понудиле да работи со детскиот тим во матичниот Атлетик Билбао но одбил. Ја презел аматерската екипа Антигуоко од баскиски Сан Себастијан. Овој избор имал огромно значење за него зошто Ираола ја почнал тренерската кариера на исто место како и играчката во 1998-ма.
Но меѓу аматерите не останал долго. Во 2018-та добил повик од кипарски АЕК Ларнака каде е нашиот Иван Тричковски. Но на Кипар Ираола се задржил кратко, од јули до јануари. Добил отказ после слабите резултати на тимот (2 месеци биле без победа).
Во Ларнака имал проблем што составот требал да се обнови а ветераните во екипата биле настроени против младиот тренер кој барал од нив да играат јак пресинг и поретко да излегуваат од одбрана со долги топки.
Тој не бил погоден од отказот, а имало фудбалери како Мариос Николау кој рекол дека Ираола бил најдобар тренер во неговата кариера со сјајни методи на работа. Во 2019-та Андони потпишал договор со басискиот Мирандес од Сегунда.
Во Мирандес брзо се вклопил. „Неговите екипи им допуштаат на противниците да играат, ама на крај победуваат. Андони просто покажува како треба да се игра. Он разбира што се бара од него. Ираола не седи со скрстени раце, он не го чека противникот, туку прв го напаѓа. Секој негов чекор е смислен. Неговата игра не може да се опише како чиста среќа. Ираола знае нешто“, напишал новинарот на AS, Роби Дон.
Мирандес на Ираола играл луд фудбал: многу голови давал, ама многу и примал. Екипата блесна кога ги совлада гигантите Севиља и Виљареал во Купот на Шпанија. После овие натпревари Ираола го нарекле баскиски Клоп - за интензивниот стил и акцент на крила кои ги форсира.
„Јас го ценам Клоп, ми се допаѓа стилот на игра на неговите екипи. Се восхитувам како он работи со играчите. Исто се трудам да ставам акцент на вниманието за играчите зошто со нив треба да сте посебно внимателни. Па што ќе и е на екипа тренер кои не го сакаат играчите?
Памтам во Атлетик Билбао, Бјелса секогаш ни викаше требаме да чуствуваме задоволство од играта, не да мислиме на тоа што сака он. Просто да се излезе и да се изврши работата. Ако тренерот не знае да го убеди играчот во своите идеи, нема тука ништо“.
Новинарот Санчез Флор за Баскиецот вели:
„Ираола е млад и современ тренер. Он се потпира и на тактика и на играчите. Андони не паѓа и секогаш убедува со аналитичко видување и конкретни тактички потези. Негови ориентири се Ернесто Валверде и Хоакин Капарош. Они му ја дадоа својата визија за фудбал. Тој се повеќе личи на Ернесто: воздржан е, смирен, со свои идеи“.
Биелса исто така одиграл голема улога во тренерската професија на Ираола: тој покажа дека стилот на игра не може да биде заснован само на една компонента. Тој го научи Андони да комбинира брзина и посед, наместо да се фокусира на целосен посед. Андони го нарече Марсело Бјелса свој идеал за тренер поради прекрасниот стил на игра и љубовта кон играчите.
Ираола добро се покажал во Мирандес па за него се заинтересирале клубови од Сегунда и Ла Лига. Тој се решил за Рајо Ваљекано поради голема доверба во управата на овој клуб. За една сезона Ираола го врати Рајо од втора во прва лига, во елитната Примера.
ИРАОЛА ГО ВАДИ МАКСИМУМОТ ОД СКРОМНИОТ СОСТАВ НА РАЈО
Тимот од предградието на Мадрид кое важи за најлевичарско и за бастион на борбата против фашизмот уште од време на диктаторот Франко, е страствено сакан од навивачите обединети под името „Ваљекас“.
Во кохезија со тренерот Ираола и навивачите, екипата игра фантастичен фудбал и со право е во горниот дел од табелата.
Рајо Ваљекано со Андони игра 4-2-3-1 со високо поставени бекови и крила. Обично оваа формација се пренасочува во 2-4-1-3 по активностите на Фран Гарсија и Марио Ернандес (лев и десен бек). Оваа агресија дава резултат: Рајо добива предност во напад и со пониски но побрзи играчи ефективно го поддржува шпицот. Затоа Ираола во самиот напад игра со номинален фудбалер од среден ред, Ранди Нтек.
Оваа тактика носи бодови иако е приметно дека на почетокот на сезоната Рајо има многу среќа и во реализацијата. Досега дадоа 18 а примија 12 гола.
За волја на вистината екипата нема индивидуално квалитетни играчи. Тренерот Ираола ја минимизирал разликата во класа. Главен играч на тимот е 33-годишниот Оскар Трехо кој на 10 меча е меѓу подобрите во екипата.
Исто е и со ветеранот Фалкао.
Добри партии пружа и 22-годишното дете на Реал Мадрид Фран Гарсија кој ужива во целосната слобода на позиција лев бек. Во средата он буквално го растури Сержињо Дест од Барселона. Скоро сите најопасни напади на Рајо поминуваат низ неговата зона, а во тоа му помага Санти Комесањ кој останува во пониска позиција поназад и ја чува екипата од контранапади.
ДОДЕКА РАЈО БЛЕСКА НА ТЕРЕНОТ, ГОРЕ ВО УПРАВА СЕ СЛУЧУВА НЕШТО НЕЈАСНО
- Пола од играчите на првиот тим на Рајо уште го чекаат бонусот за успешната мината сезона во Сегунда и пласманот во Прримера. Во Ваљекано платите доцнеле поради „неочекуваното“ заминување на сметководачот.
- Управата на Рајо не размислува ниту да го реновира стадионтот. Навивачите мора да се протнуваат низ неразбирливи згради и огради на трибините за да го гледаат омилениот тим.
- Навивачите до средина на октомври не можеле да купат сезонски карти па дури ни нов дрес за новата сезона од својот омилен фудбалер. Клубот ја објаснил таа ситуација со надворешни проблеми со стадионот и доставувачите, но поради тоа изгубиле многу пари.
- Женскиот тим на Рајо Ваљекано е пред згаснување: фудбалерките биле иселени од становите кои клубот ги изнајмува, некои спиеле на душеци поради тоа што сопствениците го изнеле мебелот. Немало доволно лекари ниту персонал во стручниот штаб.
Главен виновник за таа состојба е претседателот Раул Пресо. Навивачите одамна веќе бараат тој да замине од клубот, еднаш му го демолирале возилото а неколку пати организирале и протести. Управата се обидела да ја прикрие ужасната работа со трансферот на Фалкао но навивачите не ги забораваат сите грешки. Оскар Трехо, лидерот на тимот изјавил отворено дека навивачите не заслужуваат таков однос.
А скромниот Рајо не го избрка својот претседател, туку тренерот на Барселона.