Адолф Хитер, тренерот кој го покори Баерн Минхен и сторијата за неговото необично име

Дискретен јунак на фантастичниот триумф на Борусија Менхенгладбах над Баерн Минхен е тренерот Адолф Хитер. Овој 51-годишен стратег го декласираше германскиот хегемон со 5:0, идеално ја спреми екипата за одличен пресинг и брз излез од одбрана во напад како и брз реализација.

Еден интересен детал често го следи тренерот на Борусија Менхенглдабах. На сите спортски сајтови вие ќе видете друго име на овој стручњак - наместо Адолф, новинарите и сите останати го пишуваат со деминутивот Ади.

Пазете го податоков: Адолф Хитер е Австриец, роден во 1970-та година. Тој признава дека често низ животот трпел многу невкусни шеги поради тоа што името и презимето потсеќаат на Адолф Хитлер.

Така да се нарече син во германско-јазични земји е сулуда одлука. Еве како тренерот го објаснува решението на родителите да му наденат такво име:

„Тешко дека може да бидете 100% среќни ако добиете такво име. Секогаш ќе ве потсеќаат на минатото, уште од само детство.

Но мене ме крстиле така не во негова (на Хитлер) чест. Братот на татко ми загинал во една камена лавина на 27 години. Се викал Адолф. Баба ми многу сакала во семејството да има уште еден Адолф. Не и било лесно да ги убеди родителите, ама успеала.

Сега јас немам проблеми со името. Откако памтам за себе, мајка ми секогаш ме викала Ади. Сите блиски луѓе исто ме викаат така“, рекол Адолф Хитер, тренерот на Борусија Менхенгладбах.

На страна од необичното име и презиме, тој фантастично се развива како тренер: освои австриска Бундеслига со РБ Салцбург, освои титула со Јанг Бојс во Швајцарија, имаше неколку врвни сезони со Ајнтрахт Франкфурт кој блескаше во Лига Европа и Лига на шампиони, а сега ја води Борусија Менхенгладбах.

Јунакот на статијава може да напише книга за меѓусебните дуели против најсилната екипа не само во Германија. Во Ајнтрахт Франкфурт тој дебитирал со пораз 0:5 од Баерн Минхен во Суперкупот. После тоа губел и 5:1, 5:2 и 5:0, но секогаш играл отворено и тоа му се вратило.

На 2 ноември 2019-та година Ајнтрахт го растури Баерн со 5:1. Тогаш уште во 9’ минута Баварците останаа со играч помалку (Боатенг доби црвен картон) и Франкуфрт ја искористи шансата.

Хитер сега и во Купот на Германија со Борусија Менхенгладбах го демолираше Баерн 5:0 и му го нанесе еден од најтешките порази во историјата. Баерн претходно цели 43 години не изгубил со 5 гола разлика. Во Лига на шампиони 2013/2014 примија 4 гола од Реал Мадрид.

Ади Хитер три меча по ред нема пораз од Баерн.

Како се случи Баерн да доживее најтешка хаварија во последните 43 години?

29 октомври 2021 - 10:14